Политика на дисконтна стапка

Дисконтната стапка е каматна стапка што централната банка ја наплатува од комерцијалинте банки кога овие позајмуваат од неа пари. Таа во практиката најрано почнала да се применува, а денес често се користи во развиените земји и затоа е класичен инструмент на монетарната политика. За него е карактеристично што е најзначаен инструмент на монетарната политика во земјите со недоволно развиен финансиски пазар, односно со неразвиен пазар на хартии од вредност каде комарцијалните банки се во голема зависност од централната банка.

Комерцијалните банки имаат можност за подигање кредити од централната банка која ваквите кредити ги дава со одредена каматна стпка, т .е. дисконтна стапка. Со цел да ја регулира потребаната количина пари во оптек, централната банка има можност да ја регулира дисконтната стапка, со нејзино зголемување или намалувње. Оваа регулација во менетарната теорија позната е како дисконтна политика. Ако, централната банка оцени дека масата пари во оптек е поголема од потребната, тогаш ја зголемува дисконтната стапка. Со покачувањето на дисконтната стапка, кредитите од централната банка стануваат поскапи што го намалува интересот на комерцијалните банки за позајмување од централната банка. Со тоа се намалува нивниот кредитен потенцијал и се ограничува процесот на создавање на пари. Количината на пари во оптек се намалува, што е цел на централната банка. Или пак, ако централната банка оцени дека масата на пари во оптек е помала од потребната, тогаш со намалување на дисконтната стапка ги поевтинува задолжувањата на комерцијалните банки кај неа и создава интерес за земање поголеми кредити. Со добивање на поголеми кредитни средства, комерцијалните банки, преку системот на мултипликација на кредитите создаваат дополнителни пари во оптек, што пак, во овој случај е цел на централната банка.

Ефектот на остварувњето на целта при користење на овој инструмент на монетарната политика е потполно ист како и другите инструменти. Кога економијата е во висока инфлација централната банка води политика на висока дисконтна стапка, а за време на рецесија политика на ниска дисконтна стапка. На краток рок, како и на долг рок дисконтаната политика е мошне корисна во рагулацијата на каматните стапки на пазарот на пари (на хартии од вредност). Дисконтната стапка исто така има влијание на каматната стпка на кредитите кои комерцијалните банки им ги даваат на своите комитенти. Така што, со промените на дисконтната стапка монетарната власт влије на целата “кошничка” на каматни стапки.

Промените на дисконтната стапка имаат големо психолошко влијание и од јавноста се сфаќаат како промена на курсот на монетарната политика. Исто така мора да напоменеме дека дисконтаната политика, не подразбира само регулираъе на дисконтната стпка, туку ги одредува и условите на реесконтирање кој го прима централната банка.

Промената на дисконтната стапка би ги предизвикала следниве промени:

зголемување (експанзија) намалување (рецесија)
намалување на кредитниот потенцијал зголемување на кредитниот потенцијал
намалување на инвестициите зголемување на инвестициите
намалување на агрегатната побарувачка зголемување на агрегатната побарувачка
намалување на БДП зголемување на БДП