Поларис (Лорна Дејн) е фиктивен лик кој се појавува во стриповите објавени од „Марвел Комикс“, конкретно таа е лик од изданијата на стриповите „Иксмен“. Поларис ја создале Арнолд Дрејк, Дон Хек, Вернер Рот и Џим Стеранко. Таа првпат се појавува во „Иксмен“ # 49 (октомври, 1968 година). Низ поголемиот дел од нејзината историја таа е суперхерој и член на групата Иксмен или на некоја нејзина сестринска група како што е Икс Фактор, но во периодот од 1987 година до 1989 година е опседната од злосторничко телепатско битие и функционира како негативец под името Малис.

Косплеј на Поларис (од стрипови на Марвел) на Dragon Con 2014 година

Поларис е мутант кој може да го контролира магнетизмот, слично како негативецот Магнето за кој долго се сомневаше дека е нејзиниот биолошки татко. Овој факт е потврден во „Анкени Иксмен“ #431 (2003) што ја прави полусестра на Скарлетната вештерка и Квиксилвер. Поларис имаше долга и комплицирана врска со членот на Иксмен, Хавок за кој беше и верена.[1]

Поларис ја создал писателот Арнолд дрејк и уметникот Џим Стеранко, а за првпат се појавува во „Иксмен“ # 49 (октомври 1968). Првично се појавува како член на Иксмен во „Иксмен“ том 1. # 60, во 1969 година каде останаува сè до најавата на новиот Иксмен тим во „Џајант сајз Иксмен“. Поларис неколку години се појавува како спореден карактер во тимот пред да се приклучи на новосоздадениот тим Икс Фактор во „Икс - Фактор“ # 70 (септември 1991) каде останува до „Икс - Фактор“ # 149 (септември 1998).

Историја на измислениот лик

уреди

Почетоци

уреди

Лорна Дејн се запознава со оригиналниот тим на Иксмен додека сè уште е студент. Кога негативецот Мезмеро ќе го употреби својот „психо-генератор“ за да ги повика мутаните од Северна Америка со латенти моќи Лорна ќе биде принудена да допатува во Сан Франциско кај Мезмеро. Таму Лорна го среќава членот на Иксмен, Ајсмен кој ја сопнува со парче мраз и ја убедува да дојде со него во неговиот стан. Набрзо таа дознава за постоењето на Иксмен, а тие пак дознаваат дека таа е латентен мутант. Мезмеро и неговиот андроид ќе ја заробат Лорна и ќе ја однесат во нивното седиште во пустина, а Иксмен ќе ги следат. Кога Иксмен ќе се обидат да ја спасат Лорна, Магнето се открива како водач на групата одговорна за нејзиното киднапирање - и уште поважно, тврди дека е нејзиниот татко. И покрај обидите на Иксмен да ја уверат Лорна дека Магнето е зол, таа не може да се натера себеси да се бори против татка си. Ајсмен се враќа по средбата со нејзините посвоени родители кои му кажале дека биолошките родители на Лорна одамна починале во авионска несреќа. Оваа информација предизвува Лорна да се сврти против Магнето. Се открива дека Магнето кој тврди дека е татко на Лорна е всушност андриод. Подоцна, Лорна ќе ја заробат Лантинели, но Иксмен ќе ја спасат. Поларис се придружува на Иксмен и живее во палатата на професорот Ксавиер. Лорна им помогна на Хавок и на Иксмен во одбраната против инвазијата на вонземјанинот З`Нокс. Првото „тајно име“ на Лорна е Магнетрикс, но таа брзо се одлучува дека не и се допаѓа. Сепак, Хавок ќе продолжи да ја нарекува така како начин да и додева и да и се додворува. Подоцна ја гледаме Лорна како се бори со Хавок против Хулк. Целосниот потенцијал на моќите на Лорна можеме да ги забележиме во борбата на новите и старите членови на Иксмен против мутантскиот остров Кракоа кога таа го ќе го наруши магнетното поле на земјата со што ќе го испрати Кракен во космосот. Дознаваме дека и Ајсмен има чувства кон Лорна, но таа не му ги возвраќа. Лорна се вљубува во нејзиниот соработник Хавок. Тие ги напуштаат Иксмен за да го следат заедничкиот интерес во геофизиката. Хавок и Лорна ќе се преселат на планинскиот венец Диабло во Калифорнија, а подоцна ќе и се придружат на Моира МекТагерт во нејзината лабораторија за генетско истражување на островот Муир.

Под контрола на умот

уреди

Лорна добива нов костум со Ши`ар дизајн, кога нејзиниот ум е под контрола на Ши`ар разузнавачкиот агент Даван Шакари, познат и како Ерик Црвениот. Тој е оној кој и го даде „тајното име“ Поларис кое Лорна ќе го користи до крајот. Во тоа време Шакари му служи на Д`Кен, тогашниот владател на Ши`ар галаксијата. Алекс Самерс и Лорна ќе бидат подложени на моќна форма на контрола на умот кога Шакари ќе ги киднапира. Тој ќе ги сврти против Иксмен со умисла да го убие професорот Чарлс Ксавиер. Огромна битка помеѓу нив и Иксмен избива на меѓународниот аеродром Кенеди. Сторм ја поразува Поларис, но Шакари успева да побегне со Поларис и Хавок. На крај, профеорот Ксавиер ги ослободува Поларис и Хавок од контролата на Шакари. Поларис и Хавок ќе останат неактивни членови на Иксмен, но се враќаат да му помогнат на тимот од време на време. Тие се борат со Иксмен против Протеус. Поголемиот дел од времето таа и Алекс живеат цивилен живот, ќе се преселат во Ново Мексико и ќе дипломираат. Тие се принудени да им помогнат на Иксмен во светот Мурдерворлд на Аркејд. Нивниот нов живот се прекинува со заседата на Мародерите во Масакрот на мутантите. Умот на Поларис паѓа под влијание на психичкото битие Малис. Под контролата на Малис, Поларис ги напаѓа Иксмен како водач на Мародерите. Набрзо, битието Малис дознава дека е врзано за телото на Лорна засекогаш. Таа ги предводи Мародерите за време на Инферно. Откако Мистер Синистер навидум е убиен, моќта на Малис врз Лорна ослабнува. Лорна привремено ја повраќа контролата врз своето тело и успева да им се јави на Иксмен од Австралија за да и помогнат, но тие пристигнуваат предоцна. Лорна ја носат да престојува со нејзината, наводно, полусестра и свештеничка на Сончевите луѓе од Севеџ Ленд земјата, Заладејн. Иксмен пристигнуваат токму кога Заладејн успева да побегне. Хавок успева да се инфилтрира во нејзината армија, а Иксмен се веднаш зад нив. Кога Иксмен пристигнауваат во Севеџ Ленд дознаваат дека Заладејн регрутирала цела армија на Севеџ Ленд домородци чии умови се под контрола на Ворм, еден од мутантите од Севеџ Ленд. Заладејн открива дека таа и е сестра на Лорна и употребувајќи ја машината на Хај Еволушенери ги зема магнетните моќи на Лорна за себе. Покрај моќите, процесот успева да ја оддели Малис од Лорна. Заладејн и нејзините сили се судидаат со Ка-Зар и Иксмен. Тогаш, второстепената мутација на Лорна се активира: расне во височина, станува несоборлива и се здобива со натчовечка сила. Армијата на Заладејн се ослободува од контролата на Ворм, а Лорна конечно ја добива својата слобода.

Бидејќи нема каде да оди, Лорна патува во лабораторијата за истражување на мутантите на Моира МекТагерт на островот Муир. На пат кон лабораторијата се активира второстепената мутација на Лорна и таа ненадејно расне во височина и открива дека оваа мутација има ефекти и на оние околу неа со тоа што буди негативни емоции кај луѓето како што е лутина и омраза.

Островот Муир

уреди

По прегледот, д-р МекТагерт не може да ја објасни новата мутација на Лорна, но потврдува дека единствениот начин на кој Заладејн може да и ја преземе моќта е ако и е биолошка сестра. Лорна се придружува на Муир Ајланд Иксмен основани од Моира и поранешниот член на Иксмен, Банши. Овој тим го брани островот Муир од Риверите кои го ловат Волверин. До сега, не е познато дека Поларис всушност ја добива својата енергија преку тоа што е спроводник на негативните емоционални енергии. Негативецот Шедоу Кинг ја забележува спроводната моќ на Поларис. Тој ја употебува Поларис како порта од астралното поле за да може да предизвика гнев, омраза и насилство ширум светот. Икс Фактор и ИксМен ја ослободуваат Поларис од Шедоу Кинг за време на Муир Ајленд Сага. По поразот на Шедоу Кинг, магнетните моќи на Поларис се враќаат со смртта на Заладејн и невро-подривачкото психо-сечило на членот на Иксмен Сајлок отстранувајќи ги сите второстепени мутации.

Икс Фактор

уреди

Валари Купер ја бара Поларис да се придружи на новосоздадениот тим Икс Фактор, а Поларис прифаќа бидејќи е уморна од криење на островот Муир. Хавок и Поларис се поставени како водачи на тимот. Иако со прикчучувањето во Икс Фактор Поларис добива шанса да се смири со Хавок, нивната врска останува нерешена. Поларис се помирува со нејзиното искуство со контрола на умот благодарение на психијатарот д-р Леонард Самсон кој и помага да си ја изгради самодовербата. Таа силно верува во идеологијата на Ксавиер додека е член на Иксфактор. Поларис станува владино тајно оружје против ппотенцијален напад од Магнето откако владата го најмува Рандом за да ги тестира нејзините способности. Подоцна, Малис се враќа и ги измачува Хавок и Поларис, но од љубов еден за друг двајцата пробуваат да ја апсорбираат со што ја спречуваат да ги обземе. На крајот, Мистер Синистер ја убива Малис.

Набрзо потоа, агентите на Дарк Бист го киднапираат Хавок и фалсификуваат порака која објаснува дека на Хавок му треба да биде подалеку од Поларис. Тоа ја уништува Поларис, која се чувствува напуштено и изневерено. Атмосферата во Икс Фактор се нарушува со доаѓањето на негативците Мистик и Сајбертут кои владата ги принудува да се придружат на тимот. Ова ја тера Поларис да се сомнева за нејзиното место во тимот кога и поголемиот дел од оригиналните членови повеќе не се активни. Поларис дознава за судбината на Хавок кога тој, најверојатно под контрола на умот, ги напаѓа Икс Фактор со агентите на Дарк Бист. По поразот на Хавок, Поларис пробува да допре до него, но кога ќе помисли дека може да му верува тој ја напаѓа и тешко ја повредува. Таа завршува тешко повредена и кога Сајертут ќе го преде и нападне тимот. Откако Поларис се опоравува и дознава дека нападот на Хавок бил дел од тајна мисија, таа му простува, но го одбива на романтичен план. Таа се согласува да биде во новиот Икс Фактор тим под водство на Хавок. На првиот тимски состанок Поларис го гледа Хавок како навидум умира кога експлодира лажната временска машина на мутантот Грејстоун од иднината. Иако Хавок ја остава Поларис одговорна за тимот додека тој го нападна Грејстоун, таа не се чувствува способна да се грижи за тимот кој кусо време потоа се распадна. Закосен текст

Дванаесеттемина

уреди

Неколку недели подоцна, Најткролер ја среќава Лорна во црква каде таа му се доверува дека се чувствува како некој да ја следи и дека е сигурна дека Алекс е сè уште жив. Се дознава дека навистина ја следеле група Скрулови кои работат за Апокалипсис кои провалиле во нејзиниот стан за да најдат делови од оригиналниот костум на Хавок. Лорна набрзо дознава дека е една од Дванаесеттемина, тим на мутанти кој наводно е создаден за да помогне светот да влезе во нова златна доба за мутантите. Поларис патува во Египет со Иксмен за да се борат со Апокалипсис. За време на средбата Магнето, кој е еден од дванаесеттемина, открива дека може да ја искористи Лорна за да влијае врз магнетното поле на Земјата со неверојатна сила што би ги скрила тогашните недостатоци на неговите моќи.

Аколити

уреди

По поразот на Апокалипсис, Поларис патува со Магнето во Геноша за да го снабдува со моќ и да му помага во одржувањето на редот. Таа верува дека работи за општото добро и ужива во лекциите за нејзината моќ. Магнето го напаѓа и последниот град кој се спротивставува на неговото владееше, Корион Ков, со цел да добие пристап до технологија која целосно ќе му ја поврати моќта. Поларис се обидува да го спречи, но откако не успева ја напушта земјата со Авенџерс. Таа подоцна се враќа со Квиксилвер за да му се спротивстават на тиранството на Магнето. Квиксилвер го откриваат и го протеруваат од Геноша, но Поларис успева да остане и скришно да помага на бегалците да пребегнуваат во други земји и да ги следи активностите на Магнето. Откако Волверин му го крши ’рбетот на Магнето, Поларис успева да земе примерок од крвта на Магнето кој потврдува дека тој и е биолошкиот татко. Поларис е една од малкуте преживеани откако Сентинелите на Касандра Нова ја уништи Геноша. Поларис остана емоционално осакатена откако го сведочеше масакрот во Геноша.

Траума

уреди

Подоцна, Иксмен патуваат во Геноша за да истражат што се случило. Таму ја откриваат голата и пореметена Поларис по нападот на Сентилите на Касандра Нова. Поларис се придружува на Иксмен, но крајно трауматичното искуство во Геноша ја направило помрачна, безмилосна личност која дури убива неколку членови на анти мутантската Црква на човечноста. Хавок раскинува со Поларис кога треба да се венчаат и ја остава пред олтарот за медицинската сестра Ани Газикенан. Трауматизирана и понижена, Поларис побудалува што речиси резултира со убиство на Алекс. Џагернот успеа да ја собори. Таа Продолжува така до психотерапиите со професор Ксавиер. Поларис ветува дека нема да прави повеќе проблеми и повторно е примена во Иксмен. Потврден е фактот дека Магнето и е татко, а мајка и е студентот Сузана Дејн. Врската на Сузана со Магнето била кратка и по нејзината смрт во авионска несреќа Поларис била оставена на неименуваните тетин и тетка.

Ајсмен по кратко време и признава на Поларис дека сè уште има чувства за неа и по кратко додворување завршуваат заедно. Нивната врска не трае долго поради нерешените проблеми од претходната нејзина врска со Хавок. Хавок открива дека сè уште ја сака откако медицинската сестра Ани го остава, но Поларис го одбива.

Децимација

уреди

Поларис ги губи своите моќи на М-денот, но не им соопштува на другите членови на Иксмен. Кога ќе се соочи со Валери Купер која знае дека Поларис ги изгубила своите моќи Поларис тврди дека загубата е психолошки поттикната и дека верува дека таа самата се спречува да ги користи моќите. Таа на крајот е принудена да си признае дека ги загубила моќите и да им соопшти на другите членови од тимот. Поларис и Хавок ја напуштаат палатата Ксавиор во потрага по нејзините „загубени“ моќи убедени дека се кај вонземјанинот кој Поларис неодамна го видела на вселенска мисија, Дап кој е навидум близнакот на покојниот Доп од Екс Статикс тимот. Набрзо Дап паѓа на Земјата и ги киднапира Поларис и Кралицата Лепер, водачот на анти мутантскиот тим Сапиен Лигата.

Јавач на Апокалипсата

уреди

Апокалипсис ги грабнува двете, Кралицата Лепер ја затвора,а Поларис присилно ја трансформира во Првиот јавач на Апокалипсата. Таа проголтува вируси од Светската здравствена организација и се обидува да создаде мета-чума. Во главната битка помеѓу Иксмен, Авенџерс и Апокалипсис, Волверин открива дека Лорна е првиот јавач на апокалипсата. Претходните јавачи на апокалипсата Гамбит и Санфајр доаѓаат да ја земат Поларис додека таа закрепнува во Икс- палатата. Таа се буди и одбива да оди со нив, но исто така решава да се откаже и од Иксмен. Поларис таа вечер решава да отпатува во Египет да го пронајде Апокалисис каде ја заробуваат. Подоцна, Хавок и новите Анкени Иксмен ја спасуваат. Ема Фрост истакнува дека и нејзините моќи мутираат и дека Апокалипсис соединил непозната технологија со нервниот систем на Лорна за да ги реплицира нејзините загубени моќи.

Подемот и падот на империјата Ши`Ар

уреди

Откако новиот тим ја спаси Поларис од анти-Апокалипсис култ таа реши да им се придружи на професорот Ксавиер, Дарвин, Хавок, Марвел Грл, Најкролер и Варпат во мисијата против Вулкан. Во овој период, моменталната врска со Хавок е во развој. Поларис конечно почнува да покажува знаци дека му простува на Хавок со зборовите „Молчи и бакни ме“ по победата во битката против целиот пешадиски полк на Ши`Ар на почетокот на нивната борба против Д`Кен во поддршка на Лиландра. Иако Хавок првично го одбива нејзиниот напредок не знаејќи дали е спремен да „започне повторно“ по сè што се случило меѓу нив, Лорна му вели дека треба да се „опушти“ со што сцената завршува со бакнеж. Поларис помага во борбата и сериозно ги повредува Вулкан и Гладијатор, но на крајот е една од Иксмен членовите што се напуштени.

Старџемерс

уреди

Откако Вулкан го убива Корсер, Поларис се придружува на најновиот тим на Старџемерс со намера да го убие Вулкан и да ја врати Лиландра Нерамани на престолот на Ши`Ар. Мисијата се покажа како неуспешна, а Вулкан ги зароби и затвори Поларис, Хавок, Ч`Од и Раза на подводна планета.

Иксмен: Кингбрејкер

уреди

Лорна сè уште е затвореник на Вулкан и додека е измачувана се открива дека има некој вид моќ на исцелување што и помага при справување со токсини и отрови. Вулкан наредува да ја успијат под анестезија за да можат да ја истражуваат оваа моќ. Хавок и останатите Старџемери ја ослободуваат и се колнат дека ќе го убијат Вулкан.

Војна на кралевите

уреди

Поларис и Старџемерите одиграа голема улога во приказната Војна на Кралевите во која се среќаваат и Вулкан, Инхјуманс, Нова и чуварите на Галаксијата. Откако успева да избега од Суперуништувачот на Ши`Ар, Лорна го користи фактот дека е снаа на Кристал за да им овозможи на Старџемерите да го преминат дефензивниот штит на Крите. Откако Кристал е нападната на свадбата на Ронан од кралската гарда на Ши`Ар, Лорна игра мала но клучна улога во враќањето на поддршката на народот Кри за народот Инхјуманс со тоа што овозможува на сите Кри мрежи да се емитуваат хуманитарните акции на Кристал за сите повредени Кри цивили. По ова, таа повторно им се придружува на Старџемерите за да ја спасат Лиландра. Тие веднаш успеваат да заробат оклопен вселенски брод на Ши`Ар (со помош на способноста на Поларис која го магнетизира Старџемерот за нивниот труп) со кој ја инфилтрираат главната флота на Ши`Ар додека не ги откријат кога ќе го спасат Рокет Ракун и неговите чувари на галаксијата. Лорна, Хавок и Марвел Грл остануваат на домашниот свет на Ши`Ар откако Инхјуманс ги победуваат Ши`Ар.

Доменот на кралевите

уреди

Според Ч`Од, а и заради тоа што Рејчел и Корвус ја загубија поврзаноста со Феникс Форс, Поларис, Хавок, Рејчел и Корвус патуваат кон Земјата.

Моќи и способности

уреди

Моќта на Поларис е да насетува и контролира магнетизам, како и манипулација со метали кои се подложни на магнетизам. Моќта и доаѓа од технологијата во нејзиниот нервен систем која ги симулира нејзините загубени мутантски моќи на магнетизам. Поларис може да создава енергетски магнетни пулсови, да создава енергетски полиња и да лета. Ако се концентрира, Поларис може да го перцепира светот околу неа како шаблони на магнетни и електрични енергии. Таа може да ги перцепира и природните магнетни полиња околу живите суштества. Има светлозелена коса која е првиот знак на нејзината мутација. Поларис ја бои косата кафено за да го скрие овој факт, но подоцна се појавува со нејзината карактеристична зелена коса. На кратко Поларис ги има загубено своите магнетни моќи, но се здобива со моќта да апсорбира негативни емоции од околината и да ги канализира во сила, издржливост, несоборливост и способност да ја зголеми својата тежина и висина. Таа најпосле ги губи овие способности и се враќа нејзината моќ да го контролира магнетизмот. Поларис е една од мутантите кои ги загубија своите моќи заради Скарлетната вештерка за време на приказната Куќата на М и повеќе ги нема своите природни мутантски способности. Но, со манипулациите на Апокалипсис, ја вградија технологијата на Целестијалите во нејзиниот нервен систем (и во череп и `рбетот) која вештачки ја симулира нејзината природна магнетна моќ. Границите на нејзината нова моќ не е позната, но Лорна тврди дека е слична на нејзината претходна моќ, но дека е поопасна и е потешка за контролирање. Во Анкени Иксмен # 476, кибернетската гарда, кралските Шокерс на Ши`Ар ја споменуваат Поларис како најголемата закана од целиот тим. Во приказната „Императорот Вулкан“ станува очигледно дека нејзината моќ е значително зголемена со тоа што го одбранува Старџемер од нападот на цела флота вселенски бродови и уништува најмалку еден непријателски воен брод со магнетен бран. Како првиот јавач на апокалипсата, Поларис покажува способност да внесе опасни болести во својот организам без да си наштети, да ги апсорбира нивните одлики, и според Апокалипсис да создаде и рашири мета-чума која ќе го убие секој што ја нема вакцината против вирусот - крвта на Апокалипсис. Исто така, таа може да се бори против токсини и отрови побрзо од нормално. Лорна има стручност во геофизика и има магистерска диплома од тоа поле.

Други Верзии

уреди

Добата на Апокалипсис

уреди

Во реалноста на Добата на Апокалипсис, Поларис е една од многуте затвореници во Ќелиите за одгледување на Синистер и жртва на тестирањата на Дарк Бист. Во пресретот со Роуг кога Роуг сè уште не е примена во Иксмен, Поларис останува без моќите затоа што Роуг ги апсорбира засекогаш. Скот Самерс ја ослободува, но таа не го препознава и мисли дека е Магнето, за кој верува дека и е татко. Нејзината судбина по ослободувањето сè уште не е позната.

Куќата на М

уреди

Магнето е во романтична врска со Сузана Дејн, американски студент на размена во Европа, која помага да го шверцуваат од едно на друго место. Кога Магнито дознава дека Сузана очекува дете ја праќа дома затоа што тоа што таа го прави ќе ги убие нејзе и нејзиното дете. Лорна Дејн расте во Калифорнија и гледа како Магнито му објавува војна на човештвото. Најпосле, Магнето и открива на Лорна дека и е татко кога ќе стане господар на Геноша. Поларис е во шок и бега од него затоа што никогаш го немало кога и требал. Таа подоцна се справува со тоа и можеме да ја гледаме на почетокот на Новиот Светски поредок каде мутантите се владеачката класа со Магнето како нивни монарх. Таа сè уште живее во Геноша со сите деца на Магнето. Поларис, Квиксилвер и Скарлетната вештерка ги сметаат за кралско семејство во оваа реалност и таа развива близок однос со својот татко.

Мутант Икс

уреди

Откако Магнето ја презема работата на болниот професот Ксавиер, Поларис долго време е член на Иксмен. Оваа Поларис знае дека Магнето и е татко. Има кратка борба помеѓу Иксмен кои губат, и лудата Медлин Приор. Подоцна преживуваат и атомска експлозија во која се мисли дека загинале. Поларис е жртва на битката опасна за реалноста помеѓу Приор и Бијондер и умира во рацете на татко и кој ја уверува дека сè ќе биде добро.

Ултимат Поларис

уреди

Во Ултимат Марвел, продолжението на Ултимат Иксмен, Поларис е привлечна мутантска тинејџерка која е член на Академијата на Утрешнината - мутантски мировен тим предводен од Ема Фрост. Во ова продолжение таа е девојка на Хавок, но како пресврт таа е и претходна девојка на неговиот брат Сајклопс кој Хавок го мрази. На една мисија за спасување, Поларис ја местат за убиство на десетици луѓе и ја затвораат во Трискелионот на Ултиматите со мутантскиот терорист Магнето. Откако таа го победува неколкупати во шах за време од 12 часа, тој ја удира со стол додека не изгуби свест и ја користи за Хавок да ја спаси при што тој би можел да избега од затворот со тоа што ќе ги замени местата со Мистик. На крај, Поларис е ослободена од обвиненијата и таа се враќа во Академијата на Утрешнината. Магнито ги убива сите од Академијата освен Хавок. Нема знаци дека оваа Поларис е ќерка на Магнето, освен тоа што имаат слични моќи.

Прогонетите

уреди

Една верзија на Поларис се среќава и во тимот на интердимензионалните суперхерои Прогонетите. Со потекло од Земја-8149,Поларис е извлечена од битка со Сентинели создадени за да ја уништат момент пред да ја убијат за да им се придружи на Прогонетите.

Во други медиуми

уреди

Телевизија

уреди

Поларис се појавува во анимираната телевизиска серија „Иксмен“ во епизодата „Колд Комфорт“ како член на Икс Фактор. Таа е член на Иксмен заедно со нејзиниот дечко Ајсмен, но тие заминуваат за да живеат нормално. Но, Поларис го остава Ајсмен и се придружува на Икс Фактор каде се заљубува во Хавок.

Лиза дел Мундо го позајмува гласот на Поларис во анимираната серија Волварин и Иксмен. За разлика од стриповите оваа Поларис има близок однос со својот татко Магнето во Геноша. Во епизодата „Бедлендс“ во иднината Магнето во последен момент ја спасува Поларис која е единствената преживеана во Геноша што ја прави ментално нестабилна. Во сегашноста таа има кратка врска со Гамбит, кој се обидува да го украде шлемот на Магнето како дел од поголем заговор, иако тој подоцна ја прекинува врската. Во „Форсајт“ 3. дел таа им помага на Иксмен да го победат Мастер Молд, но тој е премногу силен за нив.

Видео Игри

уреди

И покрај тоа што Поларис може само на кратко да се стретне во некој агол од филмското платно, таа се појавува во Иксмен Леџендс 2: Рајз оф ди Апокалипс каде ја киднапираат на почетокот на играта. Можеме да ја видиме и на крајот од играта каде Апокалисис ги губи моќите што ги украл и се претвора во мутантите од кои ги зел моќите. Таа игра улога и во претходно објавениот стрип за играта. Поларис е една од четирите мутанти со хармонична ДНК меѓу Квиксилвер, Ема Фрост и Сејбертут кои Апокалипсис планира да ги искористи за да дојде до поголема моќ.

Наводи

уреди
  1. X-Men vol. 1 #49

Надворешни врски

уреди