Подлиот јас 4 (англиски: Despicable Me 4) — американска анимирана комедија од 2024 г., произведена од Illumination и распределена од Universal Pictures. Филмот е продолжение на цртаниот филм Подлиот јас 3 (2017) и шестиот филм од франшизата „Подлиот јас“. Во режија на Крис Рено, сорежија на Патрик Делаж, и сценарио на Мајк Вајт и Кен Даурио.

„Подлиот јас 4“
Плакатот на македонски јазик
РежисерКрис Рено
Продуцент
Главни улоги
СтудиоIllumination
ДистрибутерUniversal Pictures
Премиера3 јули 2024 г. (САД)
27 јуни 2024 г. (Македонија)
Времетраење95 минути[1]
Земја САД
Јазик
ПретходенПодлиот јас 3

Содржина

уреди

Гру (Стив Карел), омилениот светски суперзлобник што станал агент на Антизлосторничката лига, тргнува во нова возбудлива приказна за нередот на мињоните со неговата сопруга и колешката од Антизлосторничката лига, Луси (Кристен Виг), нивните три посвоени девојчиња — Марго (Миранда Косгроув), Едит (Дана Гајер) и Агнес (Медисон Полан) — и новиот член на семејството Гру, Гру Помладиот, решен да го измачува својот татко. Семејството е принудено да оди во бегство, станувајќи мета на бегалецот Максим Ле Мал (Вил Ферел) и неговата девојка Валентина (Софија Вергара).

—Universal Pictures и Illumination[2]

Наводи

уреди
  1. Despicable Me 4. Box Office Mojo. Посетено на May 23, 2024.
  2. „Despicable Me 4“. Universal Pictures (англиски). Архивирано од изворникот 2024-01-29. Посетено на 28 января 2024. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)

Надворешни врски

уреди