Поглед од Руел
Поглед од Руел[б 1] — слика од 1858 година на Клод Моне.[1] Сликата го прикажува крајоликот што го опкружува мал поток, Руел или Лезар,[2] во областа Руел во Авр во Нормандија, Франција. Насликана кога Моне имал седумнаесет години, таа е најраната позната слика на уметникот.[3] Сликата е потпишана со „О. Моне“,[2] бидејќи била насликана пред Оскар-Клод Моне да го отфрли „Оскар“ од неговото име во раните дваесетти години.
Француски: Vue prise à Rouelles | |
Творец | Клод Моне |
---|---|
Година | 1858 |
Димензии | 46 см × 65 см |
Место | Приватна збирка, Јапонија |
Заднина
уредиКако тинејџер, Оскар-Клод Моне станал познат во Авр како карикатурист. За да ги промовира своите цртежи, тој ги изложил во Гравие, месна продавница за врамување. Во продавницата, закачени над цртежите на Моне, имало слики од морски предели од месниот сликар Ежен Буден. Моне не ги сакал сликите на Буден, ги сметал за „одвратни“ и го мразел уметникот без никогаш да го запознае. Сопственикот на продавницата случајно се дружел со Буден и му понудил да го запознае Моне, но Моне избегнал таква средба. Еден ден, Моне влегол во продавницата без да сфати дека таму е Будeн и двајцата се запознале. Буден ги пофалил карикатурите на Моне и го охрабрил Моне да научи како да црта и слика предели.[2][3]
Буден, кој бил петнаесет години постар од Моне, станал првиот инструктор по сликарство на седумнаесет и пол годишниот Моне. Во почетокот на летото 1858 година, веројатно само неколку месеци по првата средба на Моне со Буден, двајцата отишле на сликарска експедиција во шумата Монжон во Руел, на североисточната страна на Авр. Токму на оваа експедиција Моне првпат се здобил со ценење за природата. Младиот Моне гледал како Буден слика, и ја насликал Поглед од Руел следејќи ги Буденовите упатства.[2] Погледот од Руел веројатно не бил првиот обид за сликање на Моне, бидејќи сликата е премногу софистицирана и префинета за да биде негов прв обид.[3]
Историја на изложување
уредиВо август 1858 година, Моне го поднел Погледот од Руел на изложба во Авр и бил прифатен.[3] На истата изложба биле прикажани две слики на Буден, двете насловени Предел (долина на Руел).[4] Откако била изложена во Руан, местен критичар остро ја споредил сликата со оние на Буден, пишувајќи дека сликата на Моне ги има истите квалитети како оние насликани од Буден. Моне го сфатил коментарот како комплимент.[5]
Белешки
уреди- ↑ Позната и како Поглед на Руел, или слични варијации.
Наводи
уреди- ↑ Wildenstein (1996).
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Wildenstein (1999).
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Tucker (1995).
- ↑ Roquebert, Anne (2010). „Seascapes in Normandy“. Claude Monet, 1840-1926 (англиски). Paris: Réunion de Musées Nationaux & Musée d'Orsay. стр. 96. ISBN 978-2-7118-5761-6.
- ↑ Mount, Charles Merrill (1966). Monet: a biography. New York: Simon and Schuster. стр. 38.
Библиографија
уреди- Tucker, Paul Hayes (1995). Claude Monet: Life and Art. New Haven & London: Yale University Press. ISBN 0-300-06298-2.
- Wildenstein, Daniel (1999). Monet, or The Triumph of Impressionism. I (Revised. изд.). Köln: Taschen, Wildenstein Institute. ISBN 3-8228-7060-9.
- Wildenstein, Daniel (1996). Monet: Catalogue Raisonné. II. Köln: Taschen, Wildenstein Institute. ISBN 3-8228-8759-5.