Поворка импулси
Во математиката, поворка импулси (исто така Дираков чешел и функција на примеркување во електротехниката) е периодична Шварцова распределба составена од Диракови делта функции.
на некој одреден временски интервал Т. Некои автори, конкретно Брејсвел, како и некои автори на учебници по електротехника и теорија на електрични кола, оваа функција ја нарекуваат функција Ш (веројатно затоа што графиконот наликува на обликот на буквата Ш). Бидејќи оваа функција е периодична, таа може да биде претставена со Фуриеов ред:
Својство на скалирање
уредиСвојството на скалирање следи директно од својството Дираковата делта функција
Фуриеов ред
уредиЈасно е дека Δ T () е периодичен со период Т. Т.е.
- .
Комплексниот Фуриеов ред за таква периодична функција е
каде што Фуриеовите коефициенти, cn, изнесуваат
Сите Фуриеови коефициенти се 1/ Т, поради што
- .
Фуриеова трансформација
уредиКога се користи како идеален одбирник, може да се употреби за да се разбере ефектот на преклопување (алијасинг) и како доказ за Никвист-Шеноновата теорема за земање примероци.
- Единична трансформација во фреквенциски домен ():
- Единична трансформација во аголен фреквенциски домен ():
Земање примероци и преклопување
уредиМножењето на континуиран сигнал со поворка од импулси понекогаш се нарекува идеален одбирник со интервал на земање примероци Т.