Пиљски Водопад (или Пиљ) ― четврт по висина водопад во Србија со висина од 64 метри.[1] Се наоѓа во југоисточна Србија, на околу четири километри јужно од селото Топли Дол на Стара Планина. Сместен е во многу непристапен и шумски предел под врвот Пиљ (1.467 метри) на Пиљски Поток. Поради својата оддалечност бил откриен во 2002 година, а до тогаш за него знаело само месното население.

Пиљски Водопад
Пиљски Водопад
Карта
Местово близина на Топли Дол, општина Пирот, Србија
Видкаскаден
Вкуп. висина64 метри

Водопадот се состои од двете каскади „Горни Пиљ“ (пониска) и „Долни Пиљ“ (повисока). Се наоѓа на надморска височина од околу 1.450 метри. Водопадот на дното создава голем вител. Во непосредната близина се и водопадите Чунгуљски Скок и Куртулски Скок.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Висина водопада Архивирано на 20 август 2008 г., Пристапено 18 септември 2021.