Пица 800 е италијански ланец ресторани за пица. Основана е од Алесандро Д'Убалдо во 2007 година, во Обединетите Арапски Емирати.[1]

Пица 800
ДејностСинџир на ресторани за пица
Матично претпријатие
Китопи

Историја

уреди

Алесандро Д'Убалдо ја отвори првата филијала 800 Pizza во Ал Барша (Дубаи). Синџирот на ресторани е присутен во Абу Даби, Дубаи и Ајман .[2] 800 Pizza поседува и две дополнителни марки Pinsanity и Cluckrs, и двете основани од Д'Убалдо.[3] Pinsanity има филијали во ОАЕ и Саудиска Арабија, додека Cluckrs работи во Дубаи и Абу Даби. 

Во 2010 година, Групацијата Белхаса се здоби со мнозински удел и ги започна своите операции со франшиза во 2013 година, во партнерство со Франкорп МЕ, подружница на Франкорп, АД со седиште во САД[4][5] Во јуни 2018 година, синџирот ресторани потпиша договор со FIA Holdings Limited за развој и управување со нов продажен центар во Дубаи.[6] Во 2019 година, 800 Pizza забележа раст на профитот од 20%.[7] Во ноември 2021 година, Пица 800била купена од КИТОПИ.[8][9]

Наводи

уреди
  1. Iyer, Anita. „Pizza chain owner had a humble start in UAE“. Khaleej Times. Посетено на 2019-04-29.
  2. „800 Pizza: A slice of success in a crowded market“. www.acceleratesme.com. Посетено на 2019-09-02.[мртва врска]
  3. „Pinsanity has finally come to Dubai“. Cosmopolitan Middle East (англиски). Посетено на 2019-11-13.
  4. „Belhasa Group and 800PIZZA Join Hands“. www.newswire.com (англиски). Посетено на 2019-09-02.
  5. Cabral, Alvin R. „Belhasa Hospitality seeks more top global brands“. Khaleej Times. Посетено на 2019-09-02.
  6. „800PIZZA Announces UAE Franchise Deal“. Hotel News ME. 2018-04-19. Посетено на 2019-09-02.
  7. „Dubai-born 800Pizza reports 8% sales growth in Q1 2019“. Caterer Middle East (англиски). Посетено на 2019-09-02.
  8. „Inside the $1 billion Dubai 'cloud kitchen' company you've probably never heard of“. www.thenationalnews.com (англиски). 18 March 2022. Посетено на 2022-03-19.
  9. „Kitopi Official Website“. www.kitopi.com (англиски). Посетено на 2022-05-17.