Пирајхме (XII век п.н.е.) бил пајонски крал, учесник и водач во Тројанската војна. Како сојузник на Троја, ги предводел Пајонците со криви лакови и борци на коли, од градот Амидон, од долниот тек на реката Вардар. Тој бил убиен од Патрокле, а по неговата смрт водач на Пајонците под Троја станал Астеропај.[1][2]

Наводи

уреди
  1. Herodoti, Historia, Oxonii, 1927; Strambinis, Geographica, Lipsiae, 1895-1913
  2. Е. Петрова, Пајонија, Скопје, 1999.

Поврзано

уреди