Пирамида на Кукулкан

Пирамидата на Кукулкан е една од многуте урнатини на Маите во сега мртвиот град Чичен Ица во Мексико, кои датираат од седмиот и осмиот век. Оваа пирамида се нарекува и Ел Кастиљо и археолозите сè уште ја истражуваат.

Пирамидата на Кукулкан во Чичен Ица, Мексико

На врвот на пирамидата на Кукулкан, на височина од 60 метри, сé уште има остатоци од храм кој изгледа како тврдина. Затоа овој древен споменик на Маите го добил шпанското име Ел Кастиљо, што на шпански значи тврдина. Пирамидата има девет скалесто поредени катови. Четири скалишта од деведесет и едно скалило обезбедуваат пристап до храмот од секоја страна. Според тоа, вкупно има 364 скалила, на кои треба да се додаде уште еден за да се стигне до горната платформа. Тие 365 скалила претставуваат 365 дена во годината. Таму биле пронајдени и астрономски опсерватории, а познато е дека Маите биле многу добро упатени во небесните појави.

Интересно

уреди

Кукулкан бил мајански бог на знаењето и мудроста, и секоја година доаѓал на краткодневицата и останувал до долгодневицата предавајќи го знаењето на Маите. На долгодневицата тој се враќал во својот свет. „Доказот“ е на самиот храм т.е постои игра на сенки од светлината која имитира лазење на „пердувестата змија“ по скалите на храмот што ја прави приказната за доаѓањето и одењето на богот Кукулкан. Секоја краткодневица, сенката на скалите се спушта на храмот и означува пристигнување на богот Кукулкан, а при долгодневицата е обратно (враќањето на Кукулкан).[1]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Šprajc, Ivan; Sánchez Nava, Pedro Francisco. „El Sol en Chichén Itzá y Dzibilchaltún: la supuesta importancia de los equinoccios en Mesoamérica“. Arqueología Mexicana. XXV (149): 26–31.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)