Пинкас (хебрејски: פִּנְקֵס, хебрејски: פִּנְקָס) — книга на записи на еврејска заедница, во која се евидентирани случките и настаните поврзани со заедницата. Таквата книга на записи била користена за координирање и документирање на организациите во еврејските градови и села во раниот модерен период во Европа.[1]

Пинкас од еврејската заедница во Франкфурт на Одра

Потекло

уреди

Поимот пинкас потекнува од грчкиот збор πίναξ, што значи табла или табла за пишување. Првично се однесувал на физичка табла за пишување, како што е опишано во Мишна, која доаѓа во три вида:

  1. Табла покриена со прашина, која првенствено се користела за аритметички пресметки и доволно голема за да служи како седиште;
  2. Табла покриена со слој од восок, каде што се пишувало со помош стилус; и
  3. Мазна табла на која се пишува со мастило.

Со текот на времето, поимот еволуирал за да се однесува на книга составена од такви табли, и на крајот кој било писмен запис. Употребата на „пинкас“ за означување на регистер се наоѓа во Мишна:„Пинкасите се отворени, а раката пишува“.

Наводи

уреди
  1. Bell, Dean Phillip (2016). Jewish Identity in Early Modern Germany: Memory, Power and Community. Routledge. стр. 45–46. ISBN 978-1-317-11104-7.