Петко Шалевски
Петко Јончев Шалевски (октомври 1924 во Крклино, Битолско — април 1945 во Сремски Карловци, Србија) — македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиПетко Јончев Шалевски е роден во октомври 1924 година, во селото Крклино. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ се приклучил во септември 1944 година. Бил борец во 15-от корпус. Учествувал во борбите што се воделе на Сремскиот фронт. Загинал во април 1945 год, во Сремски Карловац.[1]