Петар Радојичиќ (роден на 17 мај 1994 година) е српски кошаркар. Тој настапувал на позицијата преден напаѓач и на позицијата центар. Во моментов ги брани боите на екипата на клубот на Депортиво Саски-Басконија, Сад.

Кошарка

Почетна кариера уреди

Петар Радојичиќ кариерата ја започнал во малото гратче Љубовија, каде настапувал за младинската екипа на КК Младост. По две години, тој одлучил да се приклучи на друга екипа и да се пресели во поголем град за да продолжи да игра професионална кошарка. На почетокот не потпишал професионален договор, бидејќи решил најпрво да го заврши образованието. Се преселил во градот Ужице за да игра клупска кошарка во тој град. По 4 години поминати во Ужице, тој одлучил својата кошаркарска кариера и образование да ги продолжи во САД. Во 2014 година заминал на колеџот Ламар, државниот колеџ Порт Артур. Тој подоцна се префрлил на државниот универзитет во Тексас-Сан Маркос. Откако се префрлил на државниот универзитет во Тексас, по само еден месец, Петар одлучил да се префрли на Универзитетот Сент Мери во Сан Антонио. Таму ја поминал претходната сезона и моментално е во истото место.

Факултетска кариера уреди

Во неговата прва сезона (2014–15) во ЛСЦПА, тој постигнувал просек од 4,9 поени по натпревар со процент удар од 65,3%, а исто така имал просек од 2,9 скока по натпревар. Во својата втора сезона во ЛСЦПА, тој одиграл само шест натпревари поради повреда на грбот и имал просек од 2,5 поени и 2,8 скока по натпревар.

Во сезоната 2016-17, тој ја одиграл најдобрата сезона во својата кариера каде во 30 натпревари во просек постигнувал по 16 поени по натпревар со процент на удар од 65,1%, и исто така во просек остварувал по 10,2 скока по натпревар. Радојичиќ бил еден од петте играчи кои биле именувани и почестените да бидат во вториот најдобар тим во регионот со 14 во скокови со 10,2 поени по натпревар или вкупен резултат од 10,8 скока во лигашките натпревари. Втората студентска сезона исто така, завршил на третото место во регионот според процентот на реализирани удари од поле, постигнувал процент на прецизност од 61,5%. Натпреварите за екипата секогаш ги започнувал во стартната петорка. Тој на двапати постигнал по 24 поени во натпреварите во лигата, и тоа против подоцнежниот конференциски шампион Колеџот на Сан Хасинто и против екипата на Колеџот Костал Бенд за да ја затвори регуларната сезона. Неговата најдобра игра била против колеџот Блин, на 28 јануари 2017 година кога остварил дури 17 скока, од кои 13 биле во дефанзивна игра или одбранбени скокови. Петар Радојичиќ имал два натпревари со по 14 скока во конференциски дуели и на три лигашки натпревари по 13 скокови.

Во сезоната 2017-18, во својата јуниорска сезона за Универзитетот Сент Мери, тој започнувал во првата петорка на сите 28 натпревари. Просечно време за играње му било 26 минути. Го предводел тимот во поени со вкупно 375 поени во сезоната, или со просек од 14,3% по натпревар и процентуален удар на прецизност од 55%. Процентот на прецизност од линијата за слободни фрлања му бил 73%. Петар го предводел тимот со вкупно 174 скокви, со просек од 6,2 скока по натпревар. Постигнал и 18 асистенции, девет украдени топки и 12 блокади. Неговиот најдобар натпревар бил против екипата на Роџер Стејт со вкупно 26 постигнати поени, а натпревар со најмногу скокови му бил оној против екипата на Оклахома Кристијан кога успеал 12 пати да ја фати топката во скок.

Надворешни врски уреди