Перкутана коронарна интервенција
Перкутана коронарна интервенција е минимално инвазивна интервенција во кардиологијата за отворање (реканализирање) на блокирани или стеснети коронарни (срцеви) артерии, со што се овозможува воспоставување на непречена циркулација на крв во срцевиот мускул. Процесот вклучува комбинирање на коронарна ангиопластика со стентирање.
Перкутана коронарна интервенција | |
---|---|
Медицинска процедура | |
Коронарен ангиограм на кој е прикажана циркулацијата на левата главна коронарна артерија и нејзините гранки. | |
ICD-9-CM | 36.09, 00.66 |
Примарна PCI е ургентна примена на PCI кај пациенти со акутен миокарден инфаркт, особено кај оние кај кои постојат докази за срцево оштетување на електрокардиограм.