Перипатетичари
Перипатетичари — претставници на школа во старогрчката философија од 4 век п.н.е..
За школата
уредиПерипатетичарите биле следбеници на Аристотел. Името на школата доаѓа од старогрчкиот збор peripatoi (ст. гр. περίπατοι) со значење „шеталиште“ (на кое имало колонади), а кое посочува на местото каде се состанувале членовите на школата Ликеј. По смртта на Аристотел се шири легендата дека тој бил „перипатетички предавач“ (од грч. περιπατητικός - пешачење, одење), имено дека своите лекции ги држел одејќи низ градините, па така поимот peripatetikos го заменил оригиналниот peripatos во значењето на името на оваа школа.