Пекол на тркала

американска вестерн телевизиска серија
(Пренасочено од Пекол на Тркала)

Пекол на тркала (англиски: Hell on Wheels) - американска Вестерн телевизиска серија за конструкцијата на првата железничка пруга во САД после Американска граѓанска војна. Серијата премиерно беше прикажана на 6 ноември 2011 на телевизија АМЦ (AMC). Последната епизода од 5 сезона беше емитувана на 23 јули 2016. Пекол на Тркала е создадена и продуцирана од Џо и Тони Гејтон. На 12 декември 2012 година, писателот Џон Вирт продолжува со создавањето на третата сезона. Во Македонија, серијата премиерно беше прикажана на телевизија Телма.

Синопсис уреди

Дејствието на првата сезона (2011-2012),започнува во 1865 година, непосредно со атентатот на Абрахам Линколн. Дејството на втората сезона (2012) се случува во 1866, додека на третата сезона (2013) и четврта (2014), во 1867. Во последната петта сезона, дејството на серијата се случува во 1869. На 7 ноември 2014 година, Пекол на тркала беше продолжена за петта сезона која што беше и последна.

Епизоди уреди

Сезона Епизоди Прво прикажување Последно прикажување
1 10 6 ноември 2011 15 јануари 2012
2 10 12 август 2012 7 октомври 2012
3 10 10 август 2013 5 октомври 2013
4 13 2 август 2014 22 ноември 2014
5 14 18 јули 2015 23 јули 2016

Главни Улоги уреди

Рејтинг уреди

Првата епизода, која што премиерно беше прикажана на 6 ноември 2011 година, достигна гледаност од 4.4 милиони, со што Пекол на тркала е втората најгледана телевизиска серија од телевизија АМЦ (AMC). Според возраста, 2.4 милиони гледачи што ја гледале серијата имале од 18 до 49 години.