Патеката на мирот е алпска пешачка патека во јужно-тиролските и венето-доломитите во северна Италија. Ги следи поранешните воени патеки на јужниот фронт од Првата светска војна и е една од најважните алпски патеки за пешачење на долги растојанија во Италија.[1]

Патокази на патеката

Патеката на мирот делумно се преклопува со другите домицијански алпски пешачки патеки и достигнува вкупна должина од околу 500 километри. Започнува во Сектенските Доломити, минува по швајцарската граница кај преминот Стелвио и се спушта во долината Етш близу до Тренто. Највисоките делови се над границата од 3000 метри.

Историја

уреди

Помеѓу 1915 и 1917 година се воделе тешки борби во високите алпски области на Доломитите помеѓу Италијанските и Aвстриско-Германските сили. Многу од тогашните воени инсталации се видливи и денес, утврдувања, дупки во карпите, ’рѓосани остатоци од гранати. После децении од напуштањето, воените патеки почнале да се распаѓаат и да стануваат непроодни.

Идејата за зачувување на старите воени патеки и инсталации како дел од проектот за помирување меѓу Тирол и Италија започнала веднаш по Договорот Грубер-Де Гаспери . Договорот имал за цел да доведе до поголема автономија за Јужен Тирол, кој бил одделен од Австрија во 1919 година.

Денес патеката е популарна дестинација за планинари, планински велосипедисти и други туристи.

Наводи

уреди
  1. „Summer Sports in Trentino“.