Партнерство за моќ на градовите
Cities Power Partnership (CPP) е мрежа на локални совети во Австралија основана од страна на Климатскиот совет во средината на 2017 година за да го координира намалувањето на емисиите и да им обезбеди на советите и заедниците техничка експертиза и совети за транзиција кон чиста, обновлива енергија за во иднина.
Основана | 2017 Австралија |
---|---|
Вид | Непрофитна организација |
Цел | Да им даде совет и техничка експертиза на заедниците и општините, како да се прфрлат на чисти, обновливи енергетски извори. |
Регион | Австралија |
Припадност | Климатски Совет |
Мреж. место | citiespowerpartnership.org.au |
CPP е најголемата климатска мрежа на локалната власт во Австралија, која сега опфаќа 165 организациски членови од ноември 2021 година.
Заднина
уредиНа почетокот Партнерството имало 35 совети кои учествувле на неговото лансирање на соларната фарма Mt Majura во ACT.[1]
Климатскиот советник д-р Тим Фланери истакнал дека советите на јужниот брег на Нов Јужен Велс, вклучително и Советот Бега, биле првите што се пријавиле. „Бега беше еден од првите совети што се пријавија. Ја повикавме Австралија, а вие момци навистина бевте таму“.[2]
Градот Њукасл исто така бил основачки член на CPP, а во април 2020 година заменик-градоначалникот Кр. Деклан Клаузен во видеото на CPP ја истакнал транзицијата на градот, базирана на индустриски челик и јаглен, како прв совет во Нов Јужен Велс кој обезбедувал 100% од својата енергија за потребите од обновлива енергија. „Градот Њукасл е навистина горд на тоа што бил првиот совет во Нов Јужен Велс кој имал 100 проценти од потребите за енергија испорачани од обновливи извори на енергија. Њукасл отсекогаш бил индустриски град. Прво со јаглен, потоа со челик, а сега со обновливи извори“.[3]
Партнерството оттогаш пораснало и опфаќало 165 општински совети низ Австралија на крајот на 2021 година.[4]
Ветувања на Советот
уредиЛокалните совети-учеснички ветиле пет активности за справување со климатските промени, кога ќе се приклучат и тоа во обновливите извори на енергија, ефикасност, транспорт или работа во партнерство за справување со климатските промени. Почнувајќи од 2020 година, имало над 650 ветувања од страна на локалните совети за преземање решителна климатска и енергетска акција.[5]
Годишни климатски награди
уредиCities Power Partnership сега спроведува годишни климатски награди во 10 категории во кои учествуваат советите членки.
Наградите се однесуваат на дејствувањето на обновливите извори на енергија, енергетска ефикасност, одржлив транспорт, ангажман во заедницата, иновации, амбиции, соработка, климатски амбасадор, климатски шампион, избор на заедницата.[6][7]
Наводи
уреди- ↑ Burgess, Kate (19 July 2017). „Mt Majura Solar Farm will 'save lives', operators say“. Canberra Times. Посетено на November 29, 2021.
- ↑ McDonald, Alasdair (16 June 2017). „Sharing our approach: 'Bega was one of the very first councils to sign up'“. Bega District News. Посетено на November 29, 2021.
- ↑ Skatssoon, Judy (23 April 2020). „Newcastle becomes face of 'climate revolution'“. Government News. Newcastle. Посетено на November 29, 2021.
- ↑ „About the Cities Power Partnership“. Cities Power Partnership. Посетено на November 29, 2021.
- ↑ „What is the Cities Power Partnership?“. Cities Power Partnership. Архивирано од изворникот на 2021-03-17. Посетено на 2024-04-18.
- ↑ „2021 Climate Awards“. Cities Power Partnership. Посетено на November 29, 2021.
- ↑ Murray, Duncan (18 November 2021). „Local councils punching above their weight on climate change“. The Fifth Estate. Посетено на November 29, 2021.