Парламентарните избори во Шри Ланка се одржале на 8 април и 20 април 2010 година. Граѓаните кои имале право на глас избрале вкупно 255 пратеници[1]. Право на глас имале 14,088,500 граѓани на земјата кои гласале на вкупно 11.102 избирачки места. Изборите биле првите по завршувањето на граѓанската војна во земјата.
14 Парламентарни избори во Шри Ланка
|
2004 ←
|
8 април 2010
Обединета народна слободна алијанса
|
→ 2016
|
|
|
|
Победник на изборите. ОНСАплаво, ОНФ возелено и ТНА вожолто.
|
|
Главните партии кои се бореле за мнозинство во парламентот биле партијата на претседателот Махинда Раџапакса, Обединета народна партија за слободна алијанса. Главна опозициска партија била Партијата на Обединетите нации на Сарат Фонсека. Според очекувањата, партијата на претседателот освоила мнозинство во парламентот со 144 пратенички места. Најголемата опозициска партија освоила 60 места..[2][3] Партијата на претседателот сепак успеала да обезбеди двотретинско мнозинство, потребно за промена на уставот.[4]