Парламентарни избори во Југославија (1986)
Парламентарните избори биле одржани во Југославија помеѓу 10 март и 10 мај 1986 година преку сложен делегатски систем кој избрал делегати на месните, републичките и сојузните собранија.[1]
Заднина
уредиИзборите биле четврти одржани според југословенскиот Устав од 1974 година, одобрен на 31 јануари 1974 година, со што било создадено дводомно собрание со Сојузна комора од 220 членови и Комора на републики и покраини од 88 члена.[1]
Изборен систем
уредиЧленовите на Сојузната комора претставувале три групи: самоуправувачки организации, заедници и општествено-политички организации. Биле избрани 30 членови за шесте републики и 20 за двете автономни покраини, Косово и Војводина.[1]
Избор
уредиСојузниот совет бил избран помеѓу 10 март и 21 април, а Комората на републики и покраини на 10 мај. Сојузниот извршен совет бил избран на 15 мај, со Бранко Микулиќ за претседател (премиер).[2] Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Југославија бил избран помеѓу 25 и 28 јуни, со Миланко Реновица како претседател.