Парабените се класа на широко употребувани конзерванси во козметичките и фармацевтските производи. Хемиски, тие претставуваат парахидроксибензоати, односно естри на парахидроксибензоевата киселина (4-хидроксибензоева киселина). Најчесто користени се метилпарабен, етилпарабен, пропилпарабен, бутилпарабен и хептилпарабен.

Општа хемиска структура на парабен
(пара-хидроксибензоат)
каде R = алкил група