Панамски Залив
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Панамскиот Залив (шпански: Golfo de Panamá) — залив во Тихиот Океан, близу до јужниот брег на Панама. Има максимална широчина од 250 километри, максимална длабочина од 220 метри и големина од 2.400 квадратни километри. Панамскиот Канал го поврзува Панамскиот Залив со Карипското Море и Атлантскиот Океан. Панамскиот главен град Панама е главен урбан центар на брегот на заливот.
Самиот залив исто така содржи неколку мали заливи, Панамскиот на север, Парита на запад и Сан Мигел на исток. Во заливот има неколку острови, а на брегот има неколку важни пристаништа, како Панама, Ла Палма и Читре. Архипелагот Островите Перл е група од над двесте острови, сместени на исток од заливот.
Најголемата панамска река, Туира тече на југ во заливот Сан Мигел.
Туризам
уредиТуризмот претставува најголем дел од панамаската економија, а голем дел од него се врти околу Панамскиот Залив. Најпопуларна атракција се Островите Перл, со чистата, богата со хранливи материи вода и разновидниот животински свет, привлекувајќи многу туристи и нуркачи да го истражуваат архипелагот. Бидејќи Островите Перл се најпопуларното туристичко одредиште во Панамскиот Залив, локалните заедници се адаптирани и променети како резултат на развојот на туризмот. Некои острови, како Педро Гонсалес, позитивно се погодени од бумот во туризмот, бидејќи островјаните веруваат дека е тоа добро за локалната економија. Месните жители на другите острови, како Контадора, веруваат дека туризмот е лош за островите и сакаат да ја зачуваат локалната култура.
Клима
уредиКлимата во Панамскиот Залив е екстремна, почнувајќи од екстремно сушната сезона (Јануари-Април) до екстремно влажната сезона (Мај-Декември). Ова има големо влијание врз мангровите насади во регионот, бидејќи сувата сезона како и феноменот Ел Нињо носат силни бури, кои можат да ги оштетат мангровите насади и да ги нарушат нивните репродуктивни циклуси.
Мангрови насади
уредиМангровите насади се есенцијален дел од еко системот на заливот и живеалиштата. Овие мангрови насади се од суштинско значение за долгорочниот опстанок на локалните видови на птици, бидејќи им обезбедуваат засолниште и хранливи материи на лиокалните видови на птици. Повеќе од 20 видови биле документирани во заливот на повеќе од 57 локации, најмногу во регионот на Островите Перл. Браун пеликаните се најзастапени птици во заливот, заедно со птиците чапја говедарка и голема бела лапја кои исто така населуваат голем дел. Други најзастапени птици во заливот се: Sooty Tern, Bridled Tern, White Ibis, Glossy Ibis, Little Blue Heron, Cocoi Heron, Bare-Throated Tiger Heron, Black Crowned Night Heron, Blue Footed Booby, Brown Booby, Magnificent Frigatebird, Great Egret, и Snowy Egret. Морските птици се исто така индикатор за здравјето на рибите, кои се потпираат на богатството на хранливите материи на мангровите насади, за да преживеат.
Мангровите насади со векови биле користени од локалните заедници заради нивниот јаглен, долготрајното дрво за гориво, столбовите, кората и се сè уште важен дел од локалните заедници до ден денес. Бидејќи морскаат храна и хранливите материи ги има во изобилство во водите на заливот, било докажано дека се поволно место за живот веќе илјадници години, датирајќи од доцниот Preceramic период, околу 6000 Б.Ц. Неодамнешното откритие на остатоци од делфин во Preceramic ловечко-собирачкиот логор на Островите Перл сугерира дека античките жители на островите не ловеле само мали риби, туку и поголеми како што се делфините и ајкулите. Водата богата со хранливи материи привлекува значителна количина на риба и морски животни во Панамскиот Залив, давајќи им на древните ловци-собирачи широк спектар за избор. Пронајдени се докази дека овие жители живееле претежно од риба и желки во заливот, но и делфините и ајкулите биле исто така користени поради нивното месо, коски и масло. Еден од главните проблеми што го откриле истражувачите е дека не е јасно дали примитивните ловци-собирачи систематски ги ловеле делфините, или само ги терале кон островите сè додека не биле искористени. Сепак, ова е сепак важно откритие бидејќи ова е прво Preceramic место идентификувано на Островите Перл, како и прв доказ во Средна Америка дека раните жители ги експолатирале делфините за храна.
Загриженост за животната средина
уредиПостои загриженост од неодамна во врска со еколошкото здравје на Панамскиот Залив, бидејќи индустријата значително се развила во областа на Панама сити последниве години, особено нафтената индустрија. Нафтата е истовремено и голем увоз и извоз на Панама сити и како таква постои значителна загриженост од истурање на нафтата и како тоа би влијаело врз заливот. Друга голема загриженост е уништувањето и користењето на мангровите насади во заливот. Обете, и дивиот свет во заливот и човечката популација се потпираат на мангровите насади за опстанок. Мангровите насади во заливот, не се загрозени само од прекумерната ерозија, изградбата на браната и пестициди од локалните фарми, туку и од користењето на овие мангрови насади за индустриско производство.
Закони и прописи
уредиИзградбата на Панамскиот Канал во 1914 година беше голем чекор напред во однос на меѓународниот транспорт, бидејќи ја формира Панама и околината како нов меѓународен центар за трговија и транспорт. Меѓутоа, иако донел бизнис во областа, новиот бум во транспортот во областа зел голем данок врз животната средина. Како што економијата на Панама се развивала со текот на годините, така се развивале и законите и политиките кои се однесувале на тоа, особено морската политика. Морските ресурси во и околу Панамскиот Залив се клучни за многу големи индустрии, како што се земјоделството и риболовот, а над 80% од околното население директно се потпира на нив за да преживее. Иако законите кои биле воспоставени во текот на годините направиле големи промени во инфраструктурата и владата, сè уште постојат големи празнини во спроведувањето и структурата на овие закони.
Многу од законите што биле воведени не го имале на ум зачувувањето на животната средина и воглавно биле фокусирани на бизнисот. Третирањето на водата е главен проблем во Панамскиот Залив, колку што некогаш била чиста водата сега е толку загадена со отпадни води и хемиски отпад. Третирањето на отпадните води е слабо во голем дел од Панама, а поради недостаток на соодветни постројки за управување со отпад, суровата необработената отпадна вода од резервоарите за отпадни води често се фрла во заливот со мал до никаков третман. Градот Панама сити и околните области земаат чиста вода за пиење од сливот на Панамскиот Канал, но неодамнешниот бум во урбанизацијата и загадувањето го загрозува квалитетот на водата за пиење. Панамската влада, како и невладините организации работат врз зачувување на водниот слив, но лабавите закони спрема индустријата и управувањето со отпадот го отежнуваат ова.
Напори за зачувување
уредиВо Февруари 2015 година, панамскиот претседател Хуан Карлос Варела го потпишал законот за забрана за изградба на 210.000 хектари површина од заливот Панама и го прогласи заливот како "комплекс од мочуришта како заштитено подрачје за заштита на дивиот свет ". Оваа акција беше контроверзна во рамките на панамската влада, бидејќи претходниот претседател Рикардо Мартинели беше критикуван од екологистите поради неговото занемарување на уништувањето на мангровите насади во Панамскиот Залив. Овој закон воглавно беше донесен заради зачувување на мангрова шума и запирањето на ерозијата, како и за заштита на живеалиштата на мигрирачките птици на брегот.