Пакетомат
Пакетомат или автомат за пратки — автоматски уред што го користат поштенските или превозните претпријатија за испорака или испраќање пратки.
Првично вакви механизми вовела Дојче пост во 2005 година под името Packstation.[1] Главно претпријатие специјализирано за оваа услуга е полската InPost, која на механимот му го дала името Paczkomat, стопеница од поимите paczka (пакет) и -mat, наставка што се користи меѓународно за да означи автомат.
Изглед и работа
уредиУредот има изглед на киоск со шкафче со неколку метални кутии во повеќе редови што може директно да ги отвори примачот на пакетот користејќи бројна шифра или скенирање на QR-код испратен до него преку СМС, е-пошта или преку посебна апликација за мобилни уреди. Истиот автомат може да овозможи испраќање на пакети, во тој случај испаќачот ќе ја остави пратката во еден од преградоците за да може да ја подигне курир. На овој начин курирот нема да мора да доставува пакети од врата до врата или да контактира со различните примачи со очигледна заштеда во време и гориво. Понатаму, автоматот може да работи 24 часа секој ден, овозможувајќи му на примачот/испраќачот да одлучи за најпогодното време за земање или испраќање на пакетот.
Раширеност
уредиСлични системи постоеле од раните 2000-ти, но значително зголемување на потребата за овие киосци се јавило со пандемијата COVID-19.
Пакетомати во Македонија
уредиВо Македонија услугата за достава/испраќање пратки преку пакетомати првично ја воведе „Карго експрес“ од Битола која на почетокот поставила 7 пакетомати во Скопје и 1 во Битола.[2][3]
Како и во полскиот случај и овде претпријатието го воведува поимот „пакетомат“ по истите начела - стопеница од „пакет“ и наставката „мат“ (наставка за автомат).
Наводи
уреди- ↑ „DHL recipient service – Packstation“. www.dhl.de (англиски). Посетено на 2017-04-04.
- ↑ „Поставени пакетомати во Македонија: Револуција во поштенските услуги со брза, практична и еколошка достава“. Вработување.цом. 24 декември 2024. Посетено на 24 декември 2024.
- ↑ „Пратките се преземаат од пакетомати по принцип на самопослужување“. Вечер. 24 декември 2024. Посетено на 24 декември 2024.