Павлова Пештера (Петропавлова Пештера) се налаоѓа во Петрово Поле во близина на Требиње. Во оваа пештера според преданието доаѓал свети апостол Павле, па од тука и името. Според преданието тој криејќи се од римските власти во оваа пештера го покрстувал народот. Традиционално секоја година во пештерата, на Петровден, се собираат голем број на верници во присуство на свештеници кои ја извршуваат службата. Пештерата има камен олтарски дел и икона од свети апостол Павле.

Павлова Пештера

Самата пештера се состои од неколку сали богато украсени со сталактити и сталагмити. Во внатрешноста на пештерата се наоѓа и мало езеро за кое постои верување дека девојки кои ќе се измијат со неговата вода на Петровден ќе бидат убави и привлечни, а се верува дека помага и на жени који немаат пород. Оваа пештера е под заштита на Завод за заштита на културно-историско и природно наследство на Република Српска и спаѓа во природно добро од III категорија.

Петропавлов манастир уреди

Петропавлов манастир се наоѓа во непосредна близина на Павловата Пештера.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди