Ојлерова кружница

Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Ојлерова кружница или кружница низ 9 точки, е кружница која може да се конструира во секој триаголник, а името го добила по следниве точки кои лежат на неа:

  • Подножја на висините на триаголникот;
  • Подножја на тежишните линии на триаголникот или средините на страните на триаголникот;
  • Средините на отсечките чии крајни точки се теме и ортоцентарот на триаголникот.

Оваа кружница прв ја конструирал швајцарскиот математичар Леонард Ојлер (Leonhard Euler 1707- 1783).