Отфрлање анонимни повици

Отфрлање анонимни повици (англиски: Anonymous Call Rejection) – дополнителна телекомуникациска услуга која телефонската компанија им ја нуди на своите корисници автоматско отфрлање на повикот кога не е обезбеден идентитетот на повикувачкиот број.

Опис

уреди

Услугата овозможува да не се остваруваат телефонски повици кога не се обезбедува информација за повикувачкиот број. Повикувачкиот корисник добива говорна порака дека повикот не може да се оствари заради немање информација за повикувачкиот број.

Доколку причината за немање информација за идентитетот на повикувачкиот број е активираната дополнителна услуга „забрана за идентификација на повик“, повикувачкиот корисник може времено да ја деактивира услугата и да оствари врска со бараниот корисник.

Начин на користење

уреди

Услугата по потреба може да се активира или деактивира со внесување на соодветен код:

  • Активирање: *98#
  • Деактивирање: #98#

Откако ќе се внесе кодот мора да се добие говорна порака или тон за потврда дека услугата е активирана или деактивирана.

Историја

уреди

Во Македонија услугата е воведена во средината на деведесеттите години на 20 век со пуштањето во сообраќај на дигиталните централи EWSD и Alcatel E10[1].

Наводи

уреди
  1. Костовски, Ристо (1998). Македонска пошта, Македонски телекомуникации. Скопје: Ми-Ан. стр. 161. ISBN 9989-613-03-6.