Осоговски иконостас

(Пренасочено од Осоговскиот иконостас)

Осоговски иконостасиконостас создаден за манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, 3 км северно од Крива Паланка[1].

Иконостасот во длабока и автентична македонска резба, дело на тригодишен труд, умешност и искуство на најпознатите современи копаничари, кој ја краси манастирската црква „Св. Јоаким Осоговски“ поставен и создаден во 2010 година. Македонски копаничари, кои ја продолжуваат традицијата на Дебарско-охридската школа, мајсторската тајфа од шест докажани резбари, познати по своите иконостаси во земјава и низ светот, во осоговскиот манастир создадоле грандиозен проект. Копаничарската екипа, била составена од протомајсторите Злате Крстески, Мирко Гашпарец и Никола Прчков, магистрите по резбарство Јане Крстески и Никола Михајлоски од Битола, како и кривопаланечкиот копаничар Раде Костовски, цели три години работеле на импозантната иконостасна композиција.

Осоговскиот манастир денес е средиште каде што се изучува македонската резба на познатите мијачки мајстори и се продолжува традицијата на оваа уметност, која беше пред изумирање. Секоја година, вовој манастирски комплекс традиционално се одржува Меѓународната копаничарска колонија, единствена од ваков вид, на која се изучува копаничарскиот занает и се пренесува искуството од старите на младите генерации.

Наводи

уреди