Ортогонална проекција
Ортогонална проекција – главниот начин на претставување на предметите, деловите, објектите, машините итн. на технички цртежи. Од гледна точка на линеарната алгебра и функционалната анализа, проекцијата е линеарно пресликување P од векторскиот простор во себе, така што P2 = P. Таа ја остава сликата непроменета. Иако апстрактна, оваа дефиниција на проекцијата ја формализира идејата за графичка проекција.
Погледи
уредиКај ортогоналната проекција, сите точки на предметот се проектираат ортогонално (нормално-под прав агол - 90°) на три проекциски рамнини:
- V – вертикална
- H – хоризонтална
- P – профилна
На овој начин се добиваат три слики кои го дефинираат предметот. Овие слики се нарекуваат погледи.
На вертикалата се проектира предниот поглед, на хоризонталата – погледот од дното, а на профилот – погледот од левата страна. Трите профилни рамнини се просторниот координатен систем, кој се ротира со одредена оска и се сведе на рамнински. Со ортогоналната проекција, во извесна смисла, просторот се претвора во рамнина. Поради оваа причина, ортогоналната проекција е најсоодветна за цртање на предмети на технички цртежи.
Шест погледи се можни, но во пракса се споменати трите најчесто користени. Како по правило, предметот е застапен во технички цртеж само со доволен број прегледи.
Литература
уреди- Maynard, Patric (2005). Drawing distinctions: the varieties of graphic expression. Cornell University Press. ISBN 978-0-8014-7280-0.
Надворешни врски
уреди„Ортогонални проекции“ на Ризницата ? |
- Ортогонална проекција
- Видови проектирања (српски)