Орри (куќа)
Орри е вид куќа, живеалиште, кое традиционално се однесува на „затворена област за собирање овци“ во Источните Пиринеи. Кон крајот на дваесеттиот век, зборот го добил значењето на „колиба од сув камен“ во Ариеж .
Во научните студии
уредиВо повисокиот дел на Викдесос, дел од францускиот департман Ариеж, зборот орри традиционално се однесувал на летно планинско живеалиште кое се состоело од затворена област за собирање овци и голем број камени колиби што се користеле како живеалишта или пак работилници за правење сирење.
Во 1960-тите, кога научниците повторно го откриле одамна напуштениот орис на Ариеж, нивното античко име погрешно се толкувало, како да се однесувало само на „камената колиба“ што се користело како сезонско живеалиште. Оттогаш, новото значење на ова име преовладувало во туристичката литература.
Во туристичката литература
уредиОрри била вид мала камена колиба пронајдена во департманот Ариеж. Орриите биле колиби во форма на купола, без малтер, често со врв направен од чеша или дрво. Внатре тие содржеле само една ниска соба, до половина од подот зафатен од кревет направен од дрво или камен.
Орриите најчесто биле користени како ноќни засолништа од овчарите и стоката, откако овците и кравите биле преместени на повисоки места за пасење на лето и рана есен. Тие се разликувале во нивните аранжмани: некои биле изградени сами; други биле групирани во мали групи. [1]
Понекогаш, особено меѓу групираните оррии, тие се користеле за други цели, како што било складирањето на храна.
Русилон Оррис
уредиСпоред францускиот научник Андре Пере, во регионот Русилон орри (orri) значело „ограден простор опкружен со ѕид од сув камен во кој се чуваат млади јагниња или такви видови животни“.
Името на овчарската колиба била барака (barraca) на каталонски. Архивските записи на француски од 18 век содржат спомнувања на орри (orri) и барака (barraque) (францифицирана форма на barraca ) како во „орри заедно со бараките што се изградени во него да служат како живеалиште на старателите“ („l'orri avec les barraques qui y sont construites pour la demeure des gardiens“).
Поврзано
уреди- Народна архитектура
Наводи
уреди- ↑ „Orris (traditional shepherds' huts) of the Ariège Pyrenees“. Ariege.com. Архивирано од изворникот на 2012-07-15. Посетено на 2012-12-07.