Орден на преродбата на Полска

Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.
Командантски крст и лента од Орденот на преродбата на Полска

Орден на преродбата на Полска

уреди

Орден на преродбата на Полска (полски: Order Odrodzenia Polski; латински: Polonia Restituta) е второ највисоко државно одликување во Република Полска (по Орденот на Белиот орел). Го доделува претседателот за исклучителни достигнувања во областа на образованието, науката, спортот, културата, уметноста, економијата, националната одбрана, општествената дејност и развивање добри односи со други земји.

Орден на преродбата на Полска бил усвоен е на 4 февруари 1921 година преку „Законот за основање на Орден на преродбата на Полска“ од страна на полскиот парламент [1].

Со одлука на шефот на државата Јозеф Пилсудски од 20 декември 1921 година, бил уреден статутот на „Орден на преродбата на Полска“ [2]. Но со регулативата од 23 април 1923 година, претседателот Станислав Војчеховски уредил нов статут, кој бил објавен во службен весник на 2 мај 1923 година бр. 100, со што одлуката од 1921 година ја загубила својата правна сила[3].

Денешниот негов изглед бил уреден со „Законот за одликувања и признанија“, донесен на 16 октомври 1992 година[4].

Се носи, на црвена лента со бели риги од страните, преку десното рамо (I степен), околу вратот (II и III степен) или на левата страна на градите (IV и V степен).

Кандидатите за одликување се избирани од страна на комисија одговорна за официјално доделување на истите. Согласно „Законот за одликувања и признанија“ претседателот на Република Полска по службена должност станува Витез од I степен на Орден на преродбата на Полска и претседава со комисијата како Старешина на советот. Советот за евалуација го сочинуваат старешината и уште осум членови избрани од негова страна, кои имаат мандат од пет години. Имињата на наградените се објавуваат во службен весник[5].

Степени

уреди

Според член 138 од Уставот на Полска, oрденот има пет степени: [6]

1. Голем крст  
2. Командантски со ѕвезда  
3. Командантски крст  
4. Офицерски крст  
5. Витешки крст  

Значајни личности одликувани со Орден на преродбата на Полска:[7]

уреди
  • Владислав Андерс (1892-1970), полски генерал и член на владата на Полска во егзил во Лондон.
  • Витолд Пилецки (1901-1948), херој на полскиот отпор за време и по Втората светска војна.
  • Анджеј Буткевич (1955-2008), полски политички активист и ко-основач на комитетите за студентската солидарност.
  • Андре Жорж Корап (1878-1953), француски генерал.
  • Плинио Кореа де Оливиера (1908-1995), бразилски политичар, основач на Традиција, семејство и имот
  • Анджеј Чума, полски политичар од антикомунистичката опозиција
  • Вилм Хозенфелд, офицер на германската армија кој ги спасил Полјаците од смрт, вклучувајќи го и Владислав Шпилман.
  • Јануш Корчак (1878-1942), автор на приказни за деца, педијатар и жртва на холокаустот.
  • Вацлав Микута (1915-2008), полски војник и дипломат на ОН.
  • Јосип Броз Тито, претседател на Југославија.
  • Фидел Кастро, претседател на Куба
  • Даглас МекАртур, Американски армиски генерал, командант на сојузничките армии на југозапад
  • Јадвига Пилсудска, полски авијатичар, ќерка на Јозеф Пилсудски
  • Николај Воронов (1899-1968), Советскиот артилериски маршал
  • Станислав Поплавски, генерал на советската и полската армија
  • Едвард Риџ-Шмигли (1886-1941), политичар, воен офицер, сликар и поет
  • Данута Сиеџиковна (Инка), (1928-46), армиски лекар од Петтата бригада во Вилнус
  • Владислав Шпилман, полски пијанист и композитор
  • Омар Бредли (1893-1981), генерал на САД
  • Леон Ноел (1888-1987), француски амбасадор и политичар
  • Војчех Килар (р. 1932), музички композитор
  • Војчех Јагиелски (1960 -), полски новинар и дописник
  • Јанина Очојска (1955 -), политичар, астроном и општествен активист
  • Кжиштоф Варга (1968 -), писател, литературен критичар и полски новинар

Наводи

уреди
  1. Dąbrowski, Karol (2021-02-18). „Marek Geszprych (tłum.) Ustawa z dnia 11 lutego 1949 r. o Izbie Rolniczej Kraju Związkowego Nadrenia Północna-Westfalia, Studia Prawnicze KUL 2018, nr 3, s. 143-155“. Studia Prawnicze KUL (1): 433–443. doi:10.31743/sp.10644. ISSN 2719-4264.
  2. Gaul, Jerzy (2019-06-01). „„Upojenie wolnością" i społeczne oraz gospodarcze uwarunkowania odbudowy państwa polskiego w czasie rządów Naczelnika Państwa Józefa Piłsudskiego 1918–1922“. Dzieje Najnowsze. 51 (1): 29. doi:10.12775/dn.2019.1.02. ISSN 0419-8824.
  3. Dubowski, Rafał (2021). „Ocena skutków prawnych regulacji zawartej w przedstawionym przez Prezydenta Rzeczypospolitej Polskiej projekcie ustawy o zmianie Konstytucji Rzeczypospolitej Polskiej (druk nr 456)“. Przegląd Sejmowy. 1(162): 161–167. doi:10.31268/ps.2021.09. ISSN 1230-5502.
  4. Tkaczyk, Edyta (2020-12-10). „Orzeczenie Trybunału Konstytucyjnego wydane do nieobowiązującego przepisu. Glosa do orzeczenia Trybunału Konstytucyjnego z dnia 30 października 2019 r., sygn. akt P 1/18 (Dz. U. poz. 2196)“. Opolskie Studia Administracyjno-Prawne. 18 (3): 155–165. doi:10.25167/osap.2594. ISSN 2658-1922.
  5. Baran, Danuta (2002-12-31). „Ordery, odznaczenia i odznaki w II Rzeczpospolitej na przykładzie znalezisk z badań na cmentarzu Orląt we Lwowie“. Krakowskie Studia Małopolskie. 6 (1): 447–460. doi:10.15804/ksm200236. ISSN 1643-6911.
  6. Tkaczyk, Edyta (2020-12-10). „Orzeczenie Trybunału Konstytucyjnego wydane do nieobowiązującego przepisu. Glosa do orzeczenia Trybunału Konstytucyjnego z dnia 30 października 2019 r., sygn. akt P 1/18 (Dz. U. poz. 2196)“. Opolskie Studia Administracyjno-Prawne. 18 (3): 155–165. doi:10.25167/osap.2594. ISSN 2658-1922.
  7. isap.sejm.gov.pl https://isap.sejm.gov.pl/isap.nsf/ByYear.xsp?type=WMP. Посетено на 2024-11-25. Отсутно или празно |title= (help)