Опсада на Одавара (1590)
Третата опсада на Одавара (小田原征伐 , Odawara seibatsu) (小田原征伐 Odawara seibatsu?) се случила во 1590, и била главната акција на походот на Тојотоми Хидејоши, со цел да се елиминира кланот Хоџо, кој бил закана за неговата моќ. Во месеците пред оваа опсада, имало избрзани но големи подобрувања во одбраната на замокот, бидејќи намерите на Хидејоши биле познати. На тој начин, и покрај огромната војска донесена од Хидејоши, при опсадата имало малку вистински борби.
Опсада на Одавара | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од период Сенгоку | |||||||
Една од кулите на замокот Одавара |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
силите на Тојотоми Хидејоши | војската на кланот Хоџо | ||||||
Сила | |||||||
Војсаката на Токаидо:170,000 Војската на Тосандо:35,000 морнарица:10,000–20,630 220,000 вкупно | 82,000 | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
не е познато | не е познато |
Огромната восјка на Тојотоми Хидејоши го опколила замокот, што било наречено „најнеконвенционалната опсада во самурајската историја“. Самураите се забавувале со конкубини, проститутки, музичари, акробати, голтачи на оган и жонглери. Оние што се бранеле, спиеле на бедемите со цела опрема. И покрај нивниот мал број, го обесхрабриле Хидејоши од напад. Така, во најголем дел, оваа опсада се состоела во традиционалната тактика на изгладнување, но се случиле само неколку многу мали судири околу замокот.
По три месеци, Хоџо се предал соочен со многубројната војска, но најмногу заради недостиг на храна и производи. Земјата на Хоџо му била дадена на Токугава Иејасу, еден од врвните генерали на Хидејоши. Иако Хидејоши во тој момент не бил свесен за последиците, сепак на крајот излегло дека ова се претворило во голема помош за генералот Токугава.
Литература
уреди- Sansom, George (1961). "A History of Japan: 1334-1615." Stanford: Stanford University Press.
- Turnbull, Stephen (1998). 'The Samurai Sourcebook'. London: Cassell & Co.
- Takayama, Kiyotaka (1893). "Chiba-ki" (千葉記). Tokyo: Keizai Zasshisha.