Округот Оринџ (ТВ-серија)

(Пренасочено од Округот Оринџ (ТВ серија))
Статијата е за телевизиската серија на FOX. За местото од кое серијата го добила името, видете Округот Оринџ, Калифорнија. За други локации под името Округот Оринџ, видете Округот Оринџ.

Округот Оринџ (англиски: The O.C.) — американска тинејџерска драмска телевизиска серија која се емитуваше на FOX телевизијата во САД од 5 август 2003 до 22 февруари 2007, со емитувани целосни четири сезони. Серијата, создадена од Џош Шварц, ги обработува фиктивните животи на група тинејџери и нивните семејства живејќи во Њупорт Бич во Округот Оринџ, Калифорнија. Округот Оринџ се емитуваше во повеќе од 50 држави и важи за една од најпопуларните нови драми од 2003.[1] Округот Оринџ привлекува сигурни 9,7 милиони гледачи уште од самиот почеток за време на првата сезона, но гледаноста драстично опадннѕва во понатамошните сезони, поради што доаѓа до прекинување на серијата во почетокот на 2007, по 4 сезони и 92 епизоди, дури и покрај интернет петиција која собра над 700,000 потписи.[2]

Округот Оринџ
The O.C.
Податотека:Sbthdtheoc001ky5.jpg
Најавната карта за Округот Оринџ за 3 и 4 сезона
Создадена одЏош Шварц
УлогиПитер Галагер
Кели Роуен
Бенџамин МекКензи
Миша Бартон
Адам Броди
Рејчел Билсон
Мелинда Кларк
Тејт Донован
Отом Рисер
Вила Холанд
Алан Дејл
Крис Кармек
Тематски композиторPhantom Planet
Воведна темаCalifornia
Композитор(и)Кристофер Тинг
Земја на потекло САД
Бр. на сезони4
Бр. на епизоди92 (список на епизоди)
Производство
Извршен продуцент(и)Дејв Бартис (прва сезона)
Боб ДиЛорентис
Даг Лимен (прва сезона)
McG
Стефани Саваџ (4 сезона; ко-извршен продуцент сезона 1–3)
Џош Шварц
МестоположбаОкругот Оринџ, Калифорнија
Времетраење42 минути
Прикажување
Првична мрежаFOX
Сликов формат480i (SDTV)
720p (HDTV)
Првично прикажување5 август 2003 – 22 февруари 2007
Мрежна страницаthe-oc.com

Серијата се фокусира на животите на неколку тинејџери, меѓу кои и Рајан Атвуд, тинејџер од распаднато семејство, кој постојано запаѓа во неволји, кој е посвоен од богатите Сенди и Кирстен Коен. Рајан и неговиот сурогат-брат Сет, чудно и непопуларно момче на иста возраст со Рајан, се соочуваат со животните проблеми како непопуларни ученици во високо класното училиште во Округот Оринџ, Калифорнија. Овдека спаѓаат и нивните понекогаш полни со невољи, а секогаш драматични врски со Самер Робертс, Мариса Купер и од третата сезона натаму, Тејлор Таунсенд. Серијата исто така ја прикажува и мајката на Мариса, Џули Купер и за првите две сезони, нејзините (поранешни) сопрузи Џими Купер и арогантниот татко на Кирстен, Калеб Никол како и популарното момче Лук Вард, поранешното момче на Мариса и на почетокот непријател на Рајан и Сет. Серијата во еден момент се сосредоточува околу Кетлин Купер, сестрата на Мариса.

Прифатеност и влијание

уреди

Рејтинзи во САД

уреди

Сезонско рангирање (засновано на просечниот број на гледачи по епизода) на Округот Оринџ на FOX.

Сезона Време на прикажување Премиера Финале Ранк Гледачи (м)
1 Вторник 21:00 (5 август 2003 - 16 септември 2003) 5 август 2003 5 мај 2004 #9 9.7[3]
Среда 21:00 (29 октомври 2003 - 5 мај 2004)
2 Четврток 20:00 4 ноември 2004 19 мај 2005 #85 7.0[4]
3 Четврток 20:00 (8 септември 2005 - 15 декември 2005) 8 септември 2005 18 мај 2006 #90 5.6[5]
Четврток 21:00 (12 јануари 2006 - 18 мај 2006)
4 Четврток 21:00 2 ноември 2006 22 февруари 2007 #123 4.3[6]

Иако серијата започна со високи рејтинзи, тие бавно се намалија. Секоја последователна сезона имаше помалку гледачи од претходната.

 
Chart showing US television ratings for the show

Прва сезона

уреди

Првата епизода на Округот Оринџ се здоби со 7,5 милиони гледачи кога првпат се емитуваше на 5 август 2003.[7] Рејтинзите пролжуваат да растат како што поминува сезоната, со 9.03 милиони гледачи за единаесеттата епизода.[8] Следната епизода беше најниско гледана епизода во првата сезона со само 6,9 милиони гледачи.[9]

Трета сезона

уреди

Целокупната публика на серијата остро опаѓа за време на третата сезона. Пример за ова опаѓање беше кога привлече 7.36 милиони гледачи[10] за епизодата емитувана на 9 март 2006, која се емитуваше по сепцијална епизода за резултатите од петтата сезона на Американски идол. Иако овие броеви беа мало подобрување за просекот на третата сезона, и поврати само 28% од публиката на Идол

Четврта сезона

уреди

Четвртата сезона на Округот Оринџ се соочи со цврста конкуреција зададена од Вовед во анатомија и Истрага на местото на злосторството во четвртоците во 21:00. За да ги зголеми рејтинзите, FOX лансира „Save The O.C.“ („Спасете го Округот Оринџ“) мрежно место, кој содржеше петиција која бараше потписи од гледачите кои сакаат да ја спасат серијата.

Покрај тоа што Округот Оринџ продолжи да страда од намалени рејтинзи за време на четвртата сезона, критичарите реагираа позитивно на квалитетот на серијата, бележејќи дека серијата успеала да стане „свежа“ и поблиска до квалитетот на првата сезона, исто така Шварц призна дека бил повеќе вклучен во пишувањето за време на втората сезона. Многу обожаватели, како и да е, ја критизираа серијата за отфрлање на популарниот лик Мариса Купер, и некои обожаватели го наведоа тоа како причина за опаѓање на рејтинзите за време четврата сезона.

Финалето на Округот Оринџ, насловено „Крајот не е блиску, овде е“, се здоби со бран од рејтинзи со цели 6.676 милиони гледачи, со највисока точна од 7,6 милиони гледачи. Ова е контрастно на претпоследната епизода на Округот Оринџ, насловена „Ноќта се движи“, која се здоби со само 3.63 милиони гледачи.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
  1. Associated Press (5 јануари 2007). „Fox's once hot 'The O.C.' canceled“. Regina Leader-Post. Архивирано од изворникот на 2016-01-05. Посетено на 2007-02-10.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-09-16. Посетено на 2009-05-10.
  3. „Viewership numbers of primetime programs in the 2003-04 television season“. Архивирано од изворникот на 2007-02-08. Посетено на 2009-08-29.
  4. „Hollywood Reporter: Final audience and ratings figures for 2004-05“. Hollywood Reporter. 27 мај 2005. Архивирано од изворникот 2005-12-26. Посетено на 2009-08-29.
  5. „Hollywood Reporter: 2005-06 primetime wrap“. Hollywood Reporter. 26 мај 2006. Архивирано од изворникот 2006-05-29. Посетено на 2009-08-29.
  6. „Hollywood Reporter: 2006-07 primetime wrap“. Hollywood Reporter. 25 мај 2007. Архивирано од изворникот 2007-05-28. Посетено на 2009-08-29.
  7. Gallagher, Peter. „The O.C. Ratings Summary“. PeterGallagher.org. Архивирано од изворникот на 2009-09-09. Посетено на 11 август 2008.
  8. Berman, Marc (21 ноември 2003). „The Programming Insider“. Mediaweek. Nielsen Company. Посетено на 29 октомври 2008.
  9. Kissel, Rick (30 ноември 2003). „Thanksgiving Survivor Roasts the Competish“. Variety. Посетено на 29 ноември 2008. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  10. „Viewer numbers for the week of March 6-12, 2006“. Архивирано од изворникот на 2006-11-08. Посетено на 2009-08-29.