Морска струја
(Пренасочено од Океански струи)
Морска струја — хоризонталното движење на морската вода во вид на бавно течење на реки без брегови во океаните и во морињата. Морската струја може да има огромни димензии од неколку десетини до стотини километри широчина и до неколку илјади километри должина.
Според темепратурата на водата, се делат на топли и ладни морски струи. Топлите, по правило, се движат од помалите кон поголемите географски широчини, и обратно. Морските струи имаат големо климатско значење.
Настануваат под влијание на постојаните планетарни ветрови и како резултат на различната соленост, температурите и густината на водата. Светските мориња имаат различни нивоа, така што ваквото движење настанува во контекст на изедначување на нивото на водата.