Одмаздници: Завршница

Одмаздници: Завршница (англиски: Avengers: Endgame), во некои преводи Одмаздници: Крај на игрите — филм од 2019 година со режија на браќата Ентони и Џо Русо.

„Одмаздници: Завршница“
Плакатот на македонски јазик
РежисерЕнтони и Џо Русо
ПродуцентKeвин Фаиги
ДистрибутерМарвел Студиос
Буџет356 мил. $
Бруто заработка2,7 бил. $
Лого на филмот

Заснован врз групата суперхерои на Marvel Comics Одмаздници, филмот е продолжение на Avengers: Infinity War (2018) и е 22-ри филм од Кинематичкиот Универзум на Марвел. Изработен е од Марвел Студио и е дистрибуирана од Волт Дизни Студио Мошон Пикчурес. Сценариото на филмот е напишано од Кристофер Маркус и Стивен Мекфијли, а филмот вклучува главни глумци во кој се вклучени од претходните филмови од КУМ.

Филмот беше најавен во октомври 2014 година под наслов „ Одмаздници: Бојна на бесконечноста - Дел 2“. Во април 2015 година беше најавено учеството на браќата Русо во режија, додека во мај беше објавено дека Маркус и Мекфили ќе работат на сценариото. Во јули 2016 година, Марвел го повлече претходниот наслов, осврнувајќи се на проектот едноставно како „безнимен филм за Одмаздниците“. Конечниот наслов на филмот, Одмаздници: Крај на игрите, беше најавен на 7 декември 2018 година со објавувањето на првиот трејлер.

Филмот беше голем успех кај критичарите и публиката, постигнувајќи бројни рекорди со продажбата на билети, станувајќи најголем приход во историјата на филмот,[1] и беше номиниран за неколку филмски награди, вклучувајќи го и Оскарот за најдобри специјални ефекти.

Крај на игрите е директен продолжеток на Војна на бесконечноста, преживеаната половина на универзумот бара одмазда од Танос под мотото "Avenge the fallen" [2]

Наводи

уреди
  1. Marco Delfino (21 јули 2019). „Avengers: Endgame, i fratelli Russo interrompono il dominio di Cameron, Spielberg e Lucas“. Посетено на 21 јули 2019.
  2. „Marvel Prepares to "Avenge the Fallen" in New 'Avengers: Endgame' Posters“. www.msn.com. Посетено на 2020-03-18.