Огнени улици — филм од 1984 година, режиран од Волтер Хил според сценарио на Хил и Лери Грос. Овој филм се смета за рокенрол басна и претставува необична мешавина на музика, акција, драма и комедија со ретро елементи од 1950-ите 1980-тите.

„Огнени улици“
РежисерВолтер Хил
ПродуцентЛоренс Годрон
Џоел Силвер
СценаристВолтер Хил
Лери Грос
Главни улогиMichael Paré
Diane Lane
Rick Moranis
Amy Madigan
Willem Dafoe
Deborah Van Valkenburgh
МузикаRy Cooder
КинематографијаAndrew Laszlo
МонтажаFreeman A. Davies
Michael Ripps
СтудиоRKO Pictures - Universal Pictures
ДистрибутерUniversal Pictures
Премиера1 јуни 1984
Времетраење93 минути
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
Буџет$14.500.000
Бруто заработка$8.089.290

Филмот бил промовиран како летен хит, но не бил добро примен и од критиката и комерцијално. Динамичната музика напишана од Jim Steinman, Ry Cooder и други, како и хит песните I Can Dream About You на Dan Hartman и Nowhere Fast на Fire Inc. сепак, помогнаа филмот да се стекне со статусот на култен филм помеѓу обожавателите.