Овесхолм (замок)
Замокот Овесхолм (шведски: Ovesholm slott) е стара куќа во општината Кристијанштад во Сканија, Шведска.[1]
Историја
уредиКарл Адам Врангел (1748-1829), гувернер на Кристијанштад, ја изградил палатата во 1792-1804 година. Грофот Аксел Раул Хамилтон (1787-1875) изградил продолжение на зградата во 1857 година[2][3]
Овесхолм е стар дворец што првично го имал истото име како и парохијата - Трине, и кое во 1374 година го сменило името во Игешолм и неколку века подоцна во Овесхолм.
Во 1620 година веднаш до малото езеро, Ове Уруп изгради куќа, која во 1792 година ја преместил гувернерот на Кристијанштад Карл Адам Врангел на два ката со мансардни покриви малку подалеку од езерото. Карл Адам Врангел, исто така, ги изградил сите камени згради, плевни, работнички куќи и уредени паркови и градини.
Во 1857 година, Аксел Раул Хамилтон започнал реконструкција на главната зграда до нејзиниот сегашен изглед со трет кат и промена на влезот со камени столбови.
Во текот на 1979-1983 година, Раул Л. Хамилтон извршил темелно реновирање на главната зграда и неговата околина.
Наводи
уреди- ↑ „Ovesholm Historia“. Ovesholm gods. Посетено на September 1, 2020.
- ↑ „Carl Adam Wrangel, Landshövding i Kristianstads län“. Wrangel af Adinal nr 199, tab 5. Посетено на September 1, 2020.
- ↑ „Axel Hugo Raoul Hamilton“. Hamilton nr 86, tab 61. Посетено на September 1, 2020.