Обработувачко лежиште

Терминот обработувачко лежиште или обработувачкко лежиште (англиски: CPU socket или понекогаш CPU slot) се употребува за да се означи начинот на врска на матичната плоча со централна обработувачка единица (ЦОЕ, CPU) во некои типови на компјутери и опслужувачи, посебно оние компатибилните со Интеловата x86 архитектура.

Intel Socket 370 обработувачко лежиште, ZIF лежиште со PGA архитектура
Socket 775 обработувачко лежиште, ZIF лежиште со LGA архитектура
Податотека:Socket 449.jpg
Socket 449 обработувачко лежиште, лежиште со PGA архитектура

Поцеќето обработувачки лежишта и обработувачи кои се користат во денешно време се направени врз ознова на PGA (англиски: pin grid array) архитектурата, каде пиновите на обработувачот се вметнуваат во лежиштето. За да се олесни инсталацијата, се користат таканаречени ZIF лежишта (англиски: zero insertion force), со помош на кои обработувачот се вметнува во лежиштето без некој поголем отпор и се намалува можноста за оштетување на пиновите. Истовремено со помош на овие лежишта се обезбедува пиновите на обработувачот добро и цврсто да налегнат во лежиштето.

Алтернатива на PGA архитектурата, употребувана во поново време, е таканаречената LGA архитектура (англиски: land grid array) кај која пиновите се сместени на лежиштето а не на обработувачот .

За разлика од обработувачките лежишта, жлебните обработувачи се слични на картичките за експанзија и влегуваат во слотовите на матичната плоча. Оваа архитектура се поретко се користи во денешно време

Список на лежишта и слотови

уреди

AMD лежишта

уреди
  • Super Socket 7 - AMD K6-2, AMD K6-III; Rise mP6
  • Socket 563 - AMD мобилни Athlon XP-M (µ-PGA Scket)
  • Socket 754 - AMD еднообработувачки системи кои користат едно канални DDR-SDRAM, како што се AMD Athlon 64, Sempron, Turion 64
  • Socket 939 - AMD еднообработувачки системи кои користат двоканални DDR-SDRAM, како што се Athlon 64, Athlon 64 FX до 1 GHz2, Athlon 64 X2, Opteron 100-серија
  • Socket 940 - AMD еднообработувачки и повеќеобработувачки системи кои користат DDR-SDRAM, како што се AMD Opteron 2, Athlon 64 FX
  • Socket A (исто така познато како Socket 462) - AMD Athlon, Duron, Athlon XP, Athlon XP-M, Athlon MP, и Sempron
  • Socket AM2 - AMD еднообработувачки системи кои користат DDR2-SDRAM, замена за Socket 754 и Socket 9392 (PGA 940 контакти)
  • Socket AM2+ - Следно AMD лежиште за еднообработувачки системи, поддржува DDR2 и HyperTransport 3 со одвоени напојувања, се планира за средината на 2007, замена за AM2 (PGA 940 контакти)
  • Socket AM3 - Следно AMD лежиште за еднообработувачки системи, поддржува DDR3 и HyperTransport 3 со одвоени напојувања, се планира за средината на 2008 година, замена за AM2+ со поддршка за DDR3-SDRAM (PGA ? контакти)
  • Socket F (исто така познато како Socket 1207) - AMD мултирпоцесорски системи кои користат DDR2-SDRAM, како што се AMD Opteron2, замена за Socket 940
  • Socket S1 - AMD-засновани мобилни платформи кои користат DDR2-SDRAM, замена за 754 во мобилниот сектор (638 контакти)

Intel лежишта

уреди

Слотови

уреди

1: 478 пинското лежиште користеше micro-PGA, физички е помало од 423 лежиштето. 775 лежиштето поддржуваше PCI express, DDR2 меморија и Intel 64, подоцна се премина на Land Grid Array - LGA, каде пиновите се во лежиштето наместо на обработувачот, со цел на засилена функционалност.

2: Овие лежишта се за обработувачи со интегрирани мемориски контролери. 754 моделот има еден мемориски канал. 939 моделите имаат два мемориски канали. 940 моделите исто така имаат два мемориски канала но тие користат таканаречена регистрирана меморија, и повеќето поддржуваат симетрична мултиобработка (SMP). Лежиштата F и AM2 се редизајнирани за поддршка на DDR2. Лежиштата F имаат 1207 пина (се шпекулира дека повеќето од пиновите се додадени само заради поголема размерливост и дистрибуција на напојувањето). Лежиштето AM2 има 940 пина ама не ги поддржува актуелните AMD Opteron обработувачи.

3: Жлебните пакети имаат две предности; L2 кеш може да биде инсталирана на обработувачи, но на одвоени места. Вметнувањето и вадењето од матичната плоча е поедноставно и полесно. Меѓутоа растојанието од обработувачот до чиповите од матичната плоча е поголемо поради што системот станува нестабилен ако се надмине честотата повеќе од 500 MHz.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди