Ноќна мора (ТВ емисија)
Ноќна мора на Жељко Малнар или Nightmare Stage by Željko Malnar - хрватско ноќно ток-шоу на ТВ каналот OTV (до 2005 година), а потоа Z1 ТВ (од 2005 година). Авторот Жељко Малнар започнал со емитување (како што тој самиот изјавувал) на анти-телевизиско шоу на 3 октомври 1992 година., саботните ноќи во живо од 22:00 до утринските часови (понекогаш дури до 6:00 или 8:00). Емитувањето на Ноќна Мора официјално завршило на 26 јуни 2010 година. Со текот на времето оваа емисија, благодарение на својата единствена оригиналност и рушење на предрасудите има стекнато култен статус и голема публика. Во градското собрание на Загреб, комисијата за општествени признанија ја номинирала во 2004 година емисијата Ноќна мора за доделување на Плакетата на Град Загреб, и тоа за "нејзината автентичност, смело спротивставување на вештачкиот виртуелен свет на лажни големини и општествена хипокризија". Сепак, кандидатурата нема да биде прифатена откако хрватскиот Хелсиншки Комитет утврдил дека во емисијата има "бесрамна употреба на хендикепираните лица и ширење расизам“.
Учесници
уредиОсвен Жељко Малнар постојаната екипа на Ноќна мора ја сочинувале неговите бучни соседи :
• Звонимир Левачиќ - "Шева", Министерот за одбрана на Република Пешченица. Често во пијана состојба исмеван од гледачите и соговорниците заради нискиот раст, големите уши и постојната опијанетост.
• Владо Матијевиќ - "Јаран / Јајан",новинар. Избувлив и кавгаџија, често во пијана состојба, исмеван и предизвикуван поради неможноста да ја каже буквата Р, наместо која изговора Ј.
• Ремзо Крак - Сиротковиќ,уредник на вести и национален поет. Постојано зборува во рими, во пијана состојба, исмеван поради тоа што бил избркан од фабриката за чоколади „Краш“ заради кражба на чоколади ,,Дорина".
• Сеад Хасановиќ „Брацо",CroRom-претставник на Ромското национално малцинство. Досетлив и итар, честопати водител на тематските скечеви и пародии на емисии и квизови („Милионер“, „Јебеница“ и др.), исмеван поради ромската национална припадност.
• Бруно Томашиќ, "Анѓа",претставник на ЛГБТ заедницата на Република Пешченица. Трансвестит.
• Станислав Храновиќ "Станкец", народен трибун на Република Пешченица. Постојано во пијана состојба но со мирно однесување, воен ветеран од татковинската војна во Хрватска, носи шешир со пердув и зборува на загорски (кајкавски) дијалект.
• Ненад Блатник "Цезар",пејач и поранешен боксерски шампион
• Ивица Лако "Лаки",танчер и зависник од марихуана.
• Синиша Половина "Гибо од Кутина,"пејач
• Емир Илијаш,еротски поет
• Иван Плехан "Ивек",најдобриот хармоникаш на сите времиња
• Дарко Дијановиќ „Даркец“, Хрват кој сака да стане Србин.
• Слаѓана Петрушиќ, провокативна турбо-фолк пејачка
Неговиот „кабинет“ на измислената Република Пешченица (приградска населба на Загреб во која живееле сите) го сочинувале соседите, кои во реалниот живо се сиромашни, алкохоличари и социјални случаи. Сето тоа се користело како сатиричка платформа за потсмев на политичката сцена и на општеството.
Содржини и сцени
уредиЧестопати било случај гледачите, телефонски да се вклучат и учествуваат во шоуто, при што почнувале да се навредуваат и пцујат меѓусебно со водителите-домаќини и гости на шоуто.
Понекогаш изнервираниот Жељко Малнар се случувало да им рече на публиката; "Јадници, исклучете го телевизорот и одете да спиете.", "Идиоте, зарем немаш попаметна работа отколку да гледаш телевизија во три наутро! Ајде, добра ноќ!"; "Што е беднику, немаш пари за да излезеш надвор, туку мораш мене да ме гледаш на својот мал беден црно-бел телевизор?"; "Ако не ви се допаѓа емисијата, земете го далечинскиот и сменете, имате сто други програми, кретени!"
Жељко Малнар понекогаш знаел да држи монолози по половина час или еден час, каде што тој зборувал на разни теми од неговите патувања, актуелната влада, политика, општествени и домашни теми, и сето тоа со стандардните пцости, палејќи цигара, во програма што било строго казниво.
Се разбира, кога станува збор за уникатен и неповторлива емисија, треба да се напомене, и долгогодишниот Малнаров соработник и продуцент на Ноќна Мора, Недјељко Бадовинац - Џамбо, човек кој ретко се појавувал пред камерата, но затоа, ја водел режијата, камерата, итн., и неговиот специфичен хумор е заслужен за многу смешни и интересни сцени во шоуто како што се на пример: да се претстави на Шева преку телефон како неговата лекарка, и тој е убеден дека навистина разговора со својата лекарка или кога на Јаран се претставува како неговата матичарка која не може да го венча што го доведува соговрникот да избувне до степен што го напуштил студиото, или да се претстави на Даркец дека е неговата сосетла, која е упатена во неговиот сексуален живот, итн...
Во 2003. година во Ноќна мора гостувал Денис Родман, кој дошол во Загреб, само за учество во емисијата, откако негов пријател Хрват му ја покажал преку Интернет.