Нинџутсу (Ninjutsu (忍術) или ninpō (忍法) ) е стара јапонска боречка вештина која до денешен ден останала покриена со превезот на мистеријата, така што таа е малку позната дури и за јапонскиот народ. Првите пишани извори потекнуваат од 520 година. Во средновековна Јапонија, во време кога таа била поделена меѓу десетина воени заповедници, често доаѓало до судир меѓу нивните војски предводени од самурајските воини. За самураите било голема чест да се загине во време на војна, бидејќи така им налагал нивниот кодекс. Од друга страна, кодексот на буши (воините) не важел за нинџите. Тие употребувале посебен неконвенционален начин на борба. За нив единствено било важно како да се изврши задачата, да се заштити своето семејство и да се преживее. Тоа бил нивниот кодекс.[1]

Ninjutsu
(忍術)
The kanji for "ninja".
Други имињаNinjitsu, ninpō
ТежинаNon-competitive
Земја на потеклоЈапонија Јапонија
ОсновачNinjas
ПотеклоHistoric

За нинџутсу најточно би било ако се каже дека е вештина за преживување и самоодбрана. Меѓутоа, не смееме да помислиме дека нинџутсу има примена само во воени услови. Напротив, неговата филозофија е универзална и функционира во секое време и на секој простор. Нинџутсу не учи како да го разбереме универзумот и како да воспоставиме хармонија со природата. Ни помага да ги развиеме своите ментални и физички потенцијали, да ја развиеме сопствената креативност, да ја збогатиме својата индивидуалност, да ја зголемиме самодовербата и благородноста, да го оплемениме нашиот живот и да научиме повеќе да му се радуваме. Со еден збор, да станеме татсуџин (совршена личност која е способна да успее на секое поле во животот). Луѓето кои немат искрено и чисто срце, кои немаат отворен и позитивен дух, кои не можат да ги согледаат своите грешки, да се покајаат за нив, како и тие што не можат да го отфрлат егото, не можат долго да опстанат во оваа вештина. Таквите луѓе најчесто тргнуваат по погрешен пат. Тренингот во нинџутсу е суров, но истовремено и искрен кон нас-исто како што е искрен самиот живот. Преку тренингот учиме како да ги примиме ударите од противникот, на ист начин како што ги примаме и од судбината. Но учиме и да возвратиме. Вештината не учи да ја прифатиме болката и страдањето како дел од животот и реалноста, да не потклекнеме пред препреките, туку напротив, со секој нов проблем повеќе да ојачаме. Секоја невоља што ќе се појави во нашиот живот има своја причина. Решавајќи ги и прифаќајќи ги невољите ние стануваме се посилни и подобри. Само слабите се откажуваат и се препуштаат на самосожалување. Вежбањето нинџутсу претставува чест. Преку тренингот ги разбираме животните радости и вистинските вредности. За разлика од другите популарни јапонски вештини, како што се аикидо, џудо или карате, кои денес се претворени во рекреативни или спортски дисциплини и имаат за цел да постигнат спортски резултати или да релаксираат, нинџутсу ни помага да преживееме во секојдневните животни ситуации. Целта на оваа борбена вештина е да не научи како да го одбраниме својот живот, со најмали последици за нашето тело и дух, а со што поголеми последици за противникот. Вежбајќи нинџутсу стануваме физички поспремни, посилни и повешти, но истовремено ги развиваме искреноста, чесноста, сочувството и достоинството. Меѓутоа, мора да признаеме дека тоа не се постигнува лесно и преку ноќ. Совладувањето на патот кој не води до таа цел е тежок и е посипан со боцки. Но сепак, тие кои ќе успеат да го поминат, добиваат чувство на внатрешен мир, самодоверба, совршена контрола над сопственото тело, позитивен став и радост кон животот. Најважна добивка е силата која не ни дозволува да се предадеме во тешките моменти кои не очекуваат во иднина. Многумина мислат дека во денешно време не ни е потребна толку сложена вештина како што е нинџутсу. Меѓутоа, сите тие забораваат дека никој не може да ја предвиди иднината. Како што кажал големиот кинески мудрец Сун Цу: Во мир спремај се за војна, а во војна спремај се за мир. Не можеме да предвидиме дали некогаш ќе мораме да ги браниме животите на нашите деца и најблиски или себеси. Можеби некогаш ќе дојдеме во ситуација кога издржливоста и вештината ќе значат преживување. Тренингот во нашето доџо (место за вежбање) е реален. Секоја капка пот и модрица не подготвуваат за борба со непредвидливите ситуации кои не очекуваат во иднина. Нинџутсу е многу повеќе од примање и задавање удари. Оваа древна вештина има став спрема животот, има животна вредност. Поради тоа, ниту една друга вештина не е слична на неа. Во нинџутсу нема натпревар меѓу вежбачите, ниту борба за бодови. Наместо тоа, вежбачите си помагаат еден со друг и соработуваат во пријателска атмосфера. Нинџутсу нема тајна цел, туку начин, како да се запознаете себеси и да ги зголемите своите можности и потенцијали до невозможни граници. Нинџутсу е едноставно-начин на живот.

Наводи

уреди
  1. Hayes, Stephen. The Ninja and Their Secret Fighting Art. ISBN 0804816565, Tuttle Publishing, 1990

Литература

уреди
  • Hatsumi, Masaaki. Essence of Ninjutsu, 1988. ISBN 0-8092-4724-0
  • Callos, Tom. "Notable American Martial Artists", Black Belt Magazine, May 2007, pp. 72–73.
  • Hatsumi, Masaaki. Ninjutsu: History and Tradition, 1981. ISBN 0-86568-027-2
  • Hatsumi, Masaaki. Ninpo: Wisdom for Life, 1998. ISBN 1-58776-206-4, ISBN 0972773800
  • Hayes, Stephen K. The Ninja and their Secret Fighting Art, 1990. ISBN 0-8048-1656-5
  • Dillon, Thomas. Wingspan: Culture-Society-People in Japan, Where Have All the Ninja Gone?, September 2007, No.459.
  • Hiroshi, Kuroi. Historical group image editorial staff compilation, 2007. ISBN 978-4-05-604814-8
  • Toshitora, Yamashiro. Secret Guide to Making Ninja Weapons, Butokukai Press, 1986. ISBN 978-99942-913-1-1
  • DiMarzio, Daniel. A Story of Life, Fate, and Finding the Lost Art of Koka Ninjutsu in Japan, 2008. ISBN 978-1-4357-1208-9)
  • Bertrand, John. "Techniques that made ninjas feared in 15th-century Japan still set the standard for covert ops", Military History 23(1), March 2006, pp. 12–19. Посетено на July 11, 2008 from Academic Search Premier database.
  • Hayes, Stephen K. and Masaaki Hatsumi. Secrets from the Ninja Grandmaster (Rev. Ed.), 2003. Boulder, Colorado; Paladin Press.
  • Zoughari, Kacem. The Ninja: Ancient Shadow Warriors of Japan, Tuttle Publishing, 2010. ISBN 0-8048-3927-1