Николо Барбиери (Верчели, 1586 - 1641) бил италијански писател и глумец на театарскиот жанр на комедија дел арте. Тој бил познат и како Белтраме ди Милано („Белтраме од Милано“) однесувајќи се на еден од неговите најпознати ликови, Белтраме; овој бил главниот лик на една од најпознатите драми на Барбиери, Л'инавертито, за која е познато дека го инспирирал Молиер за делото „L'Étourdi ou les Contretemps“.[1] Покрај популаризирањето на Белтрамe, на Барбиeри му се припишува и создавањето на друг лик во жанрот комедија-дел’арте, Скапино.[2]

Белтраме, еден од најпознатите ликови на Барбиери

Барбиери бил успешен автор и глумец и еден од оние што ја обиколиле Европа; тој е познат, на пример, дека играл на кралскиот двор на Франција.[3]

Покрај претстави, тој напишал есеи за театарот; неговиот истакнат есеј е „La supplica. Discorso famigliare a quelli che trattano de' comici“ (1634 година), страсно извинување на театарот и глумците,[4] што е исто така важен извор на информации за културата на комедијата.[3]

Како глумец во комедија, Барбиери ја вовел навиката да глуми додека стоел на стол, што наводно е потекло на италијанскиот збор салтимбанко (што грубо се преведува на „некој кој скока на столици“) да се однесува на комичните глумци и дворските шутови.[5]

Наводи

уреди
  1. The Blunderer
  2. Niccolò Barbieri
  3. 3,0 3,1 Beltrame Архивирано на 20 март 2012 г. (на италијански)
  4. Letteratura italiana dalle origini fino a Pirandello e D'Annunzio (на италијански)
  5. Beltramm de Gaggian Архивирано на 7 јули 2011 г.