Неугодното во културата

Неугодното во културата е книга на Сигмунд Фројд. Ракописот имал најпрвин наслов ,,Несреќата во културата”(1929), а следната година кога веќе излегол во печат, го добива насловот ,,Неугодното во културата”(1930). Се сметала за една од најважаните и најчитана книга на Фројд.[1]

Сигмунд Фројд: Непријатност во културата. Насловната страница на првото издание

Краток преглед

уреди

Во оваа знаменита книга, Сигмунд Фројд набројува што тој смета дека е главна тензија помеѓу културата и поединецот. Основното недоразбирање, изјавува тој, произлегува од потреба на поединецот за инстинктивна слобода и контра барањето на културата за соогласност и инстинктивна репресија. Фројд вели дека кога било која ситуацја која е желба на принципот на задоволство е пролонгирана, тогаш создава чувство на блага среќа. Како резултат на ова нашите можности за среќа се ограничени од законот. Многу од примитивните инстинкти на човековиот вид( на пр.желбата за убивање, незаситната желба за сексуално задоволување ) се јасно штетни за благосостојбата на човечката заедница.Како резултат , културата создава закони кои забрануваат убивање, силување, прељуба и се применуваат ригорозни казни ако некое од правилата се прекрши. Овој процес, вели Фројд, е вроден квалитет на културата кој влева постојано чувство на незадоволство кај граѓаните.

Теоријата на Фројд е заснована на идејата дека луѓето имаат одредени карактеристички нагони кои се непроменливи. Најзначајни се желбите за секс и наклонетоста за насилна агресија кон афторитетни фигури и кон сексуални противници, кои го попречуваат задоволувањето на инстинктите на човекот.

Резиме

уреди

Фројд го започнува ова дело со земање на можен извор на религиозни чувства која неговата претходна книга Иднината на илузијата, ги занемарила: океанското чувство на исполнетост, неограниченост и вечност.[2] Самиот Фројд не можел да го искуси тоа чувство на распаѓање, но забележува дека навистина постојат различни патолошки и здрави состојби (на пр. љубов) каде границите помеѓу егото и објектот се изгубени, нејасни или искривени.Фројд го категоризира океанското чувство како регресија на претходната состојба на свеста пред егото да се оддели од светот на објектите. Потребата за ова религиозно чувство , тој пишува, произлегува од "беспомошноста на новороденчето и копнежот по татко", затоа што не постои поголема детска потреба од заштитата на таткото.[3] Фројд замислува дека океанското чувство се поврзува со религијата подоцна во културните вежби.

Втората глава истражува како религијата е една од многуте начини на постоење кои произлегуваат од потребата поединецот да се оддалечи и да се смири во присуство на страдањето кое постои во светот.Егото на детето се формира врз океанското чувство кога ќе сфати дека постојат негативни аспекти во реалноста со што сака да се одвои. Но во исто време како што егото се надева да се избегне незадоволство, тоа исто така се гради себеси за да може подобро да реагира кон обезбедување среќа и ова се двојни цели на принципот на задоволството кога егото сфаќа дека со стварноста мора да се справува.Фројд тврди дека 'целта на животот е едноставно програма на принципот на задоволство'[4] и во остатокот од главата има испитување на многу стилови на човечка адаптација користени да се обезбеди среќа од светот додека истовремено се избегнува или лимитра страдањето.Фројд истакнува три главни извори на незадоволство: нашето сопствено болно и смртно постоење, злобните и деструктивни аспекти на природниот свет и страдањето дека во стварноста мора да живееме со други човечки суштества во заедница. Фројд го гледа последниот извор како можеби најнепријатен за нас отколку другите [5] и сеќавањето на оваа книга донесува заклучок за конфликтите помеѓу задоволување на поединечниот инстинктивен нагон и стварноста на општествениот живот.

Третата глава се однесува на главниот парадокс на културата: тоа е метод кој сме го создале за да се заштитиме себеси од несреќа, но сепак тоа е нашиот најголем извор на несреќа. Луѓето стануваат нервозни бидејќи неможат да ги толерираат фрустрациите кои општеството ги налага во служба на своите културни идеали. Фројд посочува дека современиот технолошки развој на науката бил, во најдобар случај, благослов на човечката среќа. Тој прашува кое општество не е за да се исполни принципот на задоволство , туку признава дека културата треба да прави компромиси на среќа со цел да ја исполни својата примарна идеја да ги доведе луѓето во мирна врска едни со други. Културата е изградена од исполнување на желбата на човечките идеали на контрола, убавина, хигиена, ред и особено за вежбите на човековите највисоки интелектуални функции. Фројд наоѓа сличност помеѓу развитокот на културата и либидниот развиток на поединецот, што му дава за право Фројд да зборува за културата со свои термини: постои анална еротика која се развива во потреба за ред и чистота, сублимација на нагоните кон корисни нешта покрај многуте репресивни одрекувања на нагоните. Оваа последна точка Фројд ја гледа како најважна одлика на културата и ако не е задоволена, тогаш едно може да биде сигурно дека следуваат сериозни проблеми.[6] Структурата на културата прави обиколување на природните процеси и чувства на човечкиот развој и еротика. Тогаш не е чудо , дека оваа репресија може да предизвика чувство на незадоволство помеѓу граѓаните.

Во четвртата глава Фројд пробува претпоставка што се однесува на развојната историја на културата, која веројатно се совпаѓа со човек што учи да застане право. Оваа етапа е проследена од Фројдовата хипотеза од Тотем и Табу дека човековата култура е обврзана во античката драма Ојдип каде браќа се спојуваат заедно за да го убијат својот татко и потоа создаваат култура со правила за да влијаат амбивалентните нагонски желби. Постепено љубовта на еден сексуален објект станува измешана и разделена кон сите на нечива култура и човештво во форма на разредена цел-спречува љубов. Фројдја отфрла идејата дека оваа пасивна и неосудувачка љубов за сите е кулминација за човечката љубов и намера. Фројд забележува дека додека љубовта е суштина за спојување на луѓето заедно во културата, истовремено општеството создава закони, ограничувања и табуа,да се проба и премолчи тој ист нагон и Фројд се прашува дали може да не биде повеќе од сексуален нагон во рамките на лидибо.

Психо-аналитичката работа ни покажала дека токму овие фрустрации на сексуалниот живот кои луѓето познати како психопати неможат да ги толерираат.[7] Па Фројд ја започнува петтата глава од неговото дело, која открива причини зошто љубота не може да биде одговор и заклучува дека постои вистински агресивен нагон во сите човечки суштества. И додека љубовниот нагон може да заземе страна на општеството да ги поврзе членовите заедно, агресивниот нагон оди спротивно на оваа цел и мора или да биде потисната или насочена кон конкурентната култура. Така Фројд потврдува дека има конечна болна-желба во срцето на маж и дека културата првенствено постои за да ги контролира и потиснува тие нагони.

Во шестата глава, Фројд го испитува развојот на својот концепт на либидото за да објасни зошто сега треба да биде поделено на два посебни нагони : објективниот нагон на љубовта и его нагон на смртта. Овој нов концепт на смртниот нагон всушност има долга развојна историја во пишувањата на Фројд, вклучувајќи ги неговите истражувања во нарцизмот и садомазохизмот. Фројд признава дека можеби е тешко да се прифати неговиот поглед на човечката природа која е предодредена кон смрт и деструктивност, но тој објаснува дека потиснувањето на овој нагон е вистинска причина за потребата на културата за ограничување. Животот и културата,тогаш, се раѓаат и развиваат надвор од вечната борба помеѓу овие две меѓучовечки сили на љубовта и омразата.

Фројд ја започнува седмата глава со што јасно објаснува како потиснувањето на нагонот за смрт делува во влевање нервоза во единките: природната агресивност на детето е потисната од општеството и свртена навнатре, насочена назад кон егото. Овие агресивни енергии се развиваат во суперего како совест, која го казнува егото и за извршени престапи (каење) но и за гревови за кои само фантазирал (вина). Единките мора да се предадат себеси за да се формираат тие чувства на вина, нивните агресивни нагони мора да бидат потиснати ако се надеваат да ја поделат љубовта што цивилизираното општество ја наменува за неговите членови. Вината и невротичните потиснувања на нагоните се едноставно цената што ја плаќаме со цел да живееме заедно во фамилии и заедници.

Грижата на совест е цената платена од единката за да припаѓа на цивилизирано општество, но често оваа вина е оставена несвесно и се доживува како анксиозност или незадоволство. Фројд смета дека во прилог на суперегото на единката, дека можеби има културно суперего во постоење што се поставува како совест за општеството и дека неговите препораки за тоа се истите како неговите препораки за многу од неговите невротични пациенти: дека мора да ги смалат нивните барања на кревкото его. Фројд ја завршува оваа книга со проширување на неговата дистинкција помеѓу љубовта и смртта: “Кога инстинктивниот тренд се подложува на потиснување, неговите либидинални елементи се претвораат во симптоми, а неговите агресивни компоненти во смисла за вина“[8] и тој размислува за тоа како вечната борба на овие небесни сили ќе се одигра во машкиот род.

Историски контекст

уреди

Ова дело треба исто така да се сфати во контекст на современите настани: Првата светска војна несомнено влијаела на Фројд и имала влијание на неговото централно набљудување во врска со тензијата помеѓу единката и културата. Среде нацијата која што сè уште се опоравувала од бруталната насилна војна, Фројд развил мисли објавени две години порано во Иднината на илузијата (1927) каде што ја критикувал орагнизираната религија како колективна нервоза. Фројд, докажан атеист, расправал дека религијата има питоми асоцијални нагони и создал чувство на заедница околу зеднички верувања, на тој начин помагајќи и на културата. Сепак, во исто време организираната култура исто бара огромна психолошки трошок на единката со што го прави постојано потчинет на примарната таткова фигура отелотворена од Бог.[9]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  • Freud, Sigmund, "Civilization and Its Discontents", London: Penguin, 2002. ISBN 978-0-14-118236-0
  • Gay, Peter (1989), Peter Gay (уред.), The Freud Reader, W. W. Norton & Company, ISBN 0-393-95806-X
  • Strachey, J. (2001) The Standard Edition of the Complete Psychological Works of Sigmund Freud, Volume XXI (1927-1931), London, Vintage. ISBN 978-0-09-942676-9

Надворешни врски

уреди

Sigmund Freud

  1. Gay 1989, p. 722
  2. The concept of "oceanic feeling" was coined by Romain Rolland in his Correspondence with Freud, based on his studies of Eastern mysticism, in which correspondence he wished to hear Freud's analysis of the concept, which was answered in these books. Freud credits the term to an anonymous friend.
  3. Strachey 2001, pg. 72
  4. Strachey 2001, pg. 76
  5. Strachey 2001, pg. 77
  6. Strachey 2001, pg. 97
  7. Strachey 2001, pg. 108
  8. Strachey 2001, pg. 139
  9. The Question of God Program Two. Sigmund Freud: Civilization and Its Discontents