Неопределено правило

Неопределено правило (или фази правило) претставува условен исказ од обликот:

АКО x е А
ТОГАШ y е Б

при што x и y се линвгистички променливи; А и Б се лингвистички вредности утврдени од неопределени (фази) множества на доменот на дискурс X и Y.

Споредба на Буловите и неопределените правила

уреди

Класичниот исказ АКО-ТОГАШ се раководи според бинарната логика. На пример:

АКО човек_висина е > 180 см
ТОГАШ човек_тежина is > 50 кг

Класичните правила се изразуваат по пат на Булова логика. Од друга страна, неопределените правила се повеќевредносни. Кај неопределените правила, доменот на дискурс на променливата „човек_висина“ е неопределено множество (висок, среден, низок). На пример:

АКО човек_висина е висок
ТОГАШ човек_тежина е тежок

Поврзано

уреди