Ненасловено
Ненасловено – слика од Петар Хаџи Бошков. Сликата е монотипија, завршена во 1966 година со димензии 70 х 50 см.
Творец | Петар Хаџи Бошков |
---|---|
Година | 1966 |
Димензии | 70 см × 50 см |
Опис
уредиГрафиката „Ненасловено“ е работена во техниката монотипија - таа спаѓа во доменот на апстракtното размислување, идејата за лепезеста форма кај авторот се среќава во неговите скулптури - „Симултан пробив“, „Вертикално крешчендо“ или „Страотен процеп“. Станува збор за некаква визуелизација на ментална претстава за форма што има, или здобива, заоблен кружен тек во нејзиното развивање. „Развивање“ или развој е некаков динамичен процес на енергија. Во монолитографиите тој е реализиран или манифестиран со гестуалноста на потегот што постојано го изместува правецот на движење и повторно се враќа на него, а во скулптурите тоа се остварува со поместувањето на нивоата на металните површини и менувањето на нивните правци. Менувањето на правецот на движење на потегот соодветствува со менувањето на нивото и правецот на металните, најчесто триаголни плочи. Претпоставка е дека во двата случаи намерата или тенденцијата на Хаџи Бошков е да оствари некаква визуелизација или манифестација на движење, развој или енергија. Тоа изедначено повторување на движењето (во монолитографиите) и односот на металните плочи (во скулптурите) го остварува основниот препознатлив ритам на неговото творештво.[1]