Наќе Кискоски
Наќе Петрев Кискоски (10 декември 1919 во Долно Дивјаци, крушевско — септември 1944 во Сливје, кичевско?) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиНаќе Петрев Кискоски бил роден на 10 декември 1919 година во селото Долно Дивјаци кај Крушево. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ се приклучил доброволно на 3 јуни 1944 година во составот на Шестата македонска бригада. Загинал во септември 1944 година во борбата против германците во месноста кичевска пресека кај селото Сливје, кичевско.[1]