Начин на аренска супституција

Начините на аренска супституција се дел од МСЧПХ номенклатурата во органската хемија и ја дефинираат положбата на супституентите на ароматичниот јаглеводород, кои се различни од водород, во однос на едни со други.

Орто, мета, и пара супституција

уреди
 
Главни начини на аренска супституција.
  • При орто-супституција, двата супституенти заземаат положба еден до друг, при што можат да бидат нумерирани со 1 и 2. На дијаграмот овие положби се означени со R и орто.
  • При мета-супституција супституентите заземаат положби 1 и 3 (на дијаграмот претставени со R и мета).
  • При пара-супституција супституентите се наоѓаат на спротивни краеви (положби 1 и 4, што одговараат на R и пара на дијаграмот).

Примери

уреди

Примери за употребата на оваа номенклатура се дадени за изомерите на крезолот:

Катехолот има два изомери, мета изомерот резорцинол и пара изомерот хидрохинон: