Националнен парк Вилсанди
Националниот парк Вилсанди е морско заштитено подрачје во парохијата Сарема, округот Саре, Естонија. Вклучува дел од островот Вилсанди, голем број помали острови, соседните делови на западниот дел на Сарема, вклучувајќи го и полуостровот Харилаид.[1]
Историја
уредиПаркот прераснал во резерват за птици основан во 1910 година. Тој е високо чувствителен екосистем, кој се користи како место за застанување и одмор од страна на многу птици преселници, како што се гуските и како место за размножување и гнездење за над 247 видови птици, од кои најзастапена е обичната патка. Една третина од сите заштитени растителни видови во Естонија може да се најдат и во националниот парк. [2] Ловот е апсолутно забранет. Овој парк е популарна туристичка дестинација и за Естонците и за странските посетители, особено од Финска.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Vilsandi Rahvuspark in Estonia Protected Planet
- ↑ Taylor, Neil (2010). Estonia (6. изд.). Bradt Travel Guides. стр. 9. ISBN 978-1-84162-320-7.
Надворешни врски
уреди- Националниот парк Вилсанди (на естонски)
- Националниот парк Вилсанди во Естонскиот државен центар за управување со шумите (РМК)