Национална ботаничка градина на Латвија

Националната ботаничка градина на Латвија (латвиски: Nacionālais botāniskais dārzs) е ботаничка градина во Саласпилс, Латвија. Таа е една од најголемите ботанички градини во балтичките држави.

Национална ботаничка градина на Латвија
Карта
Видботаничка градина
МестоЛатвија
Површина130 хектари
Создаден1956 (1956)
Отворенда

Историја

уреди

Сегашната градина е основана во 1956 година, но нејзините почетоци се од 1836 година, кога Кристијан Вилхелм Шох основал комерцијален расадник, кој подоцна бил преселен во Саласпилс. Пред Втората светска војна, тој беше најголемиот расадник во балтичките држави. Во 1944 година расадникот бил претворен во државна експериментална градина, а во 1956 година државната експериментална градина станала ботаничка градина на Латвиската академија на науките. Од повторното воспоставување на независноста на Латвија во 1992 година, таа служи како Национална ботаничка градина на Латвија.[1]

Опис

уреди

Националната ботаничка градина на Латвија ги има следните главни задачи: "истражувања во ботаниката и украсното градинарство, збирки на растенија, воведување на нови видови на растенија, истражувања во генетиката, одгледувањето, информирање и популаризација на резултатите од истражувањата".[1] Таа е најголемата ботаничка градина во балтичките држави и опфаќа површина од речиси 130 хектари (320 ари).[2] Таа содржи повеќе од 14.000 растителни таксони, кои вклучуваат повеќе од 5.000 дрвја и околу 1.400 растенија одгледувани во стаклена градина. Покрај својата научна цел, Националната ботаничка градина е исто така популарен парк за рекреација.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „History“. www.nbd.gov.lv. Посетено на 2018-05-13.
  2. „http://www.bgci.org/garden.php?id=217“. www.bgci.org (англиски). Посетено на 2018-05-13. Надворешна врска во |title= (help)
  3. „Nacionālais botāniskais dārzs“. www.nbd.gov.lv. Посетено на 2018-05-13.