Напад на зградата на Владата на Македонија (2014)

На 28 октомври 2014 година во вечерните часови два проектили ја погодиле фасадата на зградата на македонската Влада. Полицијата соопштила дека настанот се случил околу 22 часот, кога обезбедувањето пријавило дека се слушнале две експлозии.[1] Во нападот не биле нанесени поголеми штети или човечки жртви.

Страничен поглед на зградата на Владата на Македонија ноќе, јули 2019 г.

Според Радио Слободна Европа ова не било првпат да биде пукано во близина на македонската Влада. Во 2007 година полицијата соопштила дека блиску до зградата, исто така во ноќните часови, биле испукани две гранати од противпешадиско оружје. Проектилите завршиле во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“ и во бетонско ѕидче пред јапонскиот конзулат. Тогашниот владин портпарол Ивица Боцевски бил дециден. Тој рекол дека Владата го сметала нападот за терористички чин.[2]

Една недела по инцидентот телевизијата Алсат М објавила документ кој бил потпишан во името на расформираната Ослободителна народна армија. Во документот на албански јазик пишувало дека „вечерта на 28 октомври елитните сили „Хасан Приштина“ ја нападнаа владината зграда во координирана акција“.[3]

Наводи

уреди
  1. „МВР: Два проектила забиени во зградата на владата“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 29 октомври 2014. Посетено на 3 декември 2019.
  2. „Куршуми во владата и ширење страв!“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 29 октомври 2014. Посетено на 3 декември 2019.
  3. 'Liberation Army' Claims It Shelled Macedonian Govt“. Balkan Insight. 7 ноември 2014. Посетено на 3 декември 2019.