Нагак
Нагак (исто така наречен на, сора, или годонг) е голема морска школка на која се свири како на рог во корејската традиционална музика. Произведува само еден тон и се користи првенствено во воена процесиска музика наречена деачвита.
Школката е од многу голем морски полжав, Charonia tritonis, понекогаш познат и како „Тритонска труба". Оваа школка исто така се користи како музички инструмент во неколку други земји.
Поврзано
уреди- Традиционални корејски музички инструменти
- Корејска музика
- Хорагаи, слична школка рог што се користи во Јапонија
Наводи
уреди- „Nagak“. Art Council Korea. Архивирано од изворникот на 2008-01-20.
Надворешни врски
уреди- (корејски) 나각 Архивирано на 24 септември 2008 г. Корејско национално наследство