Музеј на град Виница
музеј во Виница
Музеј на град Виница — музеј во градот Виница. Музејска установа со археолошка и историска постановка во Виница.
Поглед кон зградата на музејот | |
Основан | 2006 |
---|---|
Место | Виница, Македонија |
Фонд | Историска постановка Археолошка постановка |
Идејата за основање на музеј во Виница потекнува уште од 80-тите години на минатиот век, до нејзина реализација доаѓа дури во мај 2006 година. [1]
Музејот на град виница се наоѓа во центарот на градот, во состав на зградата на локалната самоуправа.
Во музејската збирка се содржат алатките на праисторискиот човек, мистериозните култови на првите цивилизации, античкиот раскош и декаденција, скромноста на првите христијани и нивната длабока вера, воинственоста на варварските племиња – сето тоа е собрано на едно место.