Музеј на Чајот Локхарт
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Музејот на Чајот Локхарт се наоѓа во Мунар. Тој првично бил изграден во 1936 година и се наоѓа на 9 км од Мунар на патот Текади. Музејот се отворил за јавноста на 22 јануари 2014 година.
Основан | 22 јануари 2014 |
---|---|
Место | Мунар, Керала, Индија |
Координати | 10°03′15″N 77°06′33″E / 10.0543° СГШ; 77.1091° ИГД |
Тип | Музеј на чајот, музеј за индустрија и историја |
Сопственик | Харисонс Малајам Лимитед |
Мреж. место | http://lockhartteamuseum.business.site |
Музејот е дел од имотот Локхарт,[1] кој е еден од најраните плантажи за чај во Високиот опсег, основан од баронот Џон Фон Розенберг и неговиот син, баронот Џорџ Ото Фон Розенберг[2] во 1879 година.[3] Првично тие засадиле цинчона, потоа кафе, а потоа чај.[4]
Зградата во која е сместен музејот, била изградена во 1936 година. Фабриката за Чајот Локхарт произведува околу 20 милиони килограми чај годишно,[5] и таа е во сопственост на Харисонс Малајалам Лимитед.[6][7] Фабриката е еден од најголемите производители на чај во Јужна Индија. Фабриката овозможува јавни посети за време на редовното работно време, давајќи им можност на посетителите да ги набљудуваат различните фази на обработка на чајот. Во музејот има фотографии и машини што се користеле во раните денови на производство на чај.
Фабриката и музејот се наоѓаат на падините на Чокармуди, еден од највисоките врвови во Јужна Индија, од кој се гледа целата долина на Локхарт.[8]
Наводи
уреди- ↑ „Lockhart Tea Factory“. Lonely Planet. Посетено на 9 July 2018.
- ↑ „Lockhart and Manale Estates“. University of Glasgow Archive Services. Посетено на 9 July 2018.
- ↑ Griffiths, Sir Percival Joseph (1967). The History of the Indian Tea Industry. Weidenfeld & Nicolson. стр. 159.
- ↑ Muthiah, S. (1993). A Planting Century: The First Hundred Years of the United Planters' Association of Southern India, 1893-1993. Affiliated East-West Press. стр. 196. ISBN 9788185938042.
- ↑ Cummings, Jack (15 September 2016). „Inside the Indian Factory That Makes Your Favorite Tea Bags“. Vice Media LLC. Посетено на 9 July 2018.
- ↑ „Indian tea estates“. International Tea Database. Архивирано од изворникот на 2018-06-29. Посетено на 9 July 2018.
- ↑ „List of New Registration of Tea Estate during:from 01/01/1930 To 02/05/2008“ (PDF). Tea Board of India. стр. 52. Посетено на 9 July 2018.
- ↑ Kennedy, Dane Keith (1996). The Magic Mountains: Hill Stations and the British Raj. University of California Press. стр. 94. ISBN 9780520201880.